вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Савески: Нови докази може повторно да ја отворат истрагата за случајот „Мазут во ТЕЦ Неготино“

by Redakcija
22.05.2026
in Македонија
(ВИДЕО) Новиот државен обвинител даде свечена изјава: „Ќе ги оправдам очекувањата на граѓаните“

Случајот поврзан со набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“ сè уште не е затворен, а неговата натамошна судбина сега е во рацете на Вишото јавно обвинителство, по поднесениот приговор од оштетената компанија ЕСМ против одлуката за запирање на истражната постапка. Тоа го истакна републичкиот јавен обвинител Ненад Савески во разговор за неделникот „Фокус“.

Савески посочува дека обвинителските одлуки не претставуваат конечна и непроменлива состојба во постапката. Доколку се појават нови докази или околности кои би можеле да го сменат правниот и фактичкиот контекст на случајот, постапката може повторно да се активира, но исклучиво во рамки на законски утврдени процедури. Според него, само ваквиот пристап гарантира доаѓање до вистината и правдата на уреден и правно издржан начин.

Тој дополнително нагласува дека обвинението мора да се темели на цврсти докази што би издржале судска проверка и би довеле до осуда надвор од секое разумно сомнение. Во спротивно, ризикот од неосновано гонење би бил спротивен на основните стандарди на кривичната постапка. Од друга страна, кога една ослободителна пресуда станува правосилна, таа добива карактер на завршена правна работа и повеќе не може да се преиспитува.

Во однос на дилемите дали Републичкото јавно обвинителство може самостојно да изврши ревизија на предметот или тоа мора да произлезе од иницијатива на МВР, Савески појаснува дека процесот веќе е во тек и не е затворен. Според него, приговорот поднесен од оштетената страна е клучен момент што може да доведе до враќање на предметот на повторно одлучување, доколку се утврди дека доказите не биле правилно оценети.

Сепак, тој предупредува дека преиспитување на предмети не може да се врши под влијание на надворешни очекувања или притисоци од институции и поединци, бидејќи тоа би ја нарушило правната сигурност и принципот на самостојно одлучување. Како што наведува, само низ законита и независна постапка може да се донесе конечна одлука што ќе биде правно издржана и прифатлива за јавноста.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување

17.11.2026

Мицкоски жестоко го осуди нападот врз девојка во Охрид: Сѐ ќе сторам сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

16.11.2026

Од 2027 година нови правила за Македонците кои патуваат во ЕУ

16.11.2026
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум

16.11.2026

Мицкоски од Брисел: Македонија заслужува европска иднина со почитување и заштита на националните интереси

16.11.2026

Од денеска задолжителна зимска опрема: Еве какви гуми и синџири мора да имаат возачите за да избегнат казна од 45 евра

15.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Драматични сцени во Бугарија: Поплави носат сè пред себе, евакуации во повеќе градови

6 месеци ago

Комуналец Прилеп апелира: Покуќнината не смее да го попречува движењето

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.