вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Путин ги активира нуклеарните сили: Русија префрли оружје во Белорусија

by Redakcija
23.05.2026
in Свет

Русија започна една од најголемите нуклеарни воени вежби во последните години, во услови на зголемени тензии со европските членки на НАТО поради војната во Украина и безбедносната состојба на Балтикот.

Според руските власти, во вежбите учествуваат околу 64.000 војници, а дел од нуклеарното оружје веќе е префрлено во складишта во Белорусија. Маневрите траат три дена и се изведуваат на територијата на Русија и Белорусија.

Во вежбите се вклучени стратешките ракетни сили, Северната и Пацифичката флота, далекуметната авијација, како и единици од Ленинградскиот и Централниот воен округ.

Руското Министерство за одбрана објави снимки од воените активности, на кои се гледаат нуклеарна подморница од класата „Бореј“, авиони Ил-38, ловци МиГ-31 вооружени со хиперсонични ракети „Кинжал“, како и интерконтинентални балистички ракети РС-24 „Јарс“.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека употребата на нуклеарно оружје претставува „крајна мерка“, но истовремено нагласи дека нуклеарната тријада – копнените, поморските и воздушните сили – останува главен гарант на рускиот суверенитет и стратешкото одвраќање.

Во Белорусија, ракетни единици вежбаат прием и транспорт на специјална муниција за мобилниот ракетен систем „Искандер-М“, што дополнително ги зголеми стравувањата од нова ескалација.

Вежбите се одржуваат во период кога Москва тврди дека се соочува со директна закана од Западот поради поддршката за Украина. Во меѓувреме, Русија и балтичките земји меѓусебно се обвинуваат за активности поврзани со украински беспилотни летала во регионот.

Дополнителни тензии предизвика и изјавата на литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис, кој порача дека НАТО мора да покаже способност да продре во руската енклава Калининград, по што Кремљ оцени дека таквите изјави „се граничат со лудило“.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

17.11.2026

Новиот американски бомбардер помина важен тест: Првите авиони во Елсворт се очекуваат во 2027 година

16.11.2026

Протече планот на Путин? „Подгответе се за прогласување победа“

16.11.2026

Британскиот премиер признава дека Брегзит не успеа: „Изгубивме повеќе отколку што добивме“

16.11.2026

Бугарија, Чешка, Словачка и Унгарија не сакаат да плаќаат за Украина: Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ

16.11.2026

Прекинат сообраќајот преку Керченскиот Теснец, во пламен се нафтени и гасни објекти

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Криптовалутите губат речиси половина билион долари за само неколку дена: Биткоинот паѓа на најниско ниво од 15 месеци

Криптовалутите губат речиси половина билион долари за само неколку дена: Биткоинот паѓа на најниско ниво од 15 месеци

10 месеци ago
Доналд Трамп со остра порака до Европа: Справете се сами со енергетската криза

Трамп: „Блокадата почна – светот веќе ги чувствува последицата!“

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.