вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Инспекциите утврдија сериозни пропусти по свлечиштето на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје

by Redakcija
27.05.2026
in Скопје
Инспекциите утврдија сериозни пропусти по свлечиштето на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје

По свлечиштето што се случи на градилиште во реонот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква во Скопје, институциите покренаа засилени инспекциски контроли и најавија серија мерки против одговорните за изведбата.

Инцидентот, кој предизвика оштетувања на јавната инфраструктура, го зафати коловозот, тротоарите, дел од канализациската мрежа и уличното осветлување. На терен интервенираа општинските инспекциски служби на Општина Центар, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и секторот за урбанизам, при што беа утврдени и неправилности во текот на градежните активности.

Веднаш по настанот, просторот беше обезбеден со заштитни ленти и сигнализација за да се спречи пристап на граѓани, имајќи ја предвид близината на станбени згради и интензивното движење во тој дел од градот. Општинските екипи соопштија дека мерките се превентивни и ќе важат сè додека не се стабилизира состојбата на теренот.

Инспекцискиот надзор, кој продолжил и во наредните часови, открил дополнителни пропусти во начинот на изведување на работите. Поради сериозноста на ситуацијата, Општина Центар побара стручно мислење од експерти на Градежниот факултет, со цел да се утврдат ризиците и потребните чекори за санација.

Паралелно, до Основното јавно обвинителство е доставено официјално известување за случајот, а општината најави дека ќе се бара и одземање на лиценците на одговорните лица вклучени во изградбата, како и утврдување на одговорност кај изведувачот и надзорот поради несовесно постапување.

Од Општина Центар порачаа дека нема да се толерираат практики што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и ја оштетуваат јавната инфраструктура. Инвеститорот е задолжен итно да ја стабилизира локацијата, да спроведе санација и целосно да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба.

Според првичните информации, за инцидентот прво алармирало здружението „Во одбрана на Буњаковец“, кое на социјалните мрежи објави видео и тврдења дека на терен се работело и во период на државен празник. Тие посочија дека свлечиштето се случило на спојот на улицата „Христо Смирненски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Настанот го потврди и МВР, од каде информираа дека при ископ за изградба на станбен објект дошло до свлекување на земјиште. Притоа бил затрупан багер што работел на локацијата, но возачот успеал навреме да излезе и да се спаси.

Во истиот инцидент биле оштетени делови од улицата и тротоарот, а падната бандера завршила врз паркирано возило во непосредна близина. Надлежните институции најавуваат дека истрагата и инспекциските проверки продолжуваат сè до целосно утврдување на причините и одговорноста.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Утре без струја дел од Петровец и Гази Баба? Распоред за 24 ноември

23.11.2026

Без струја дел од Аеродром и Катланово

23.11.2026

Неверојатно откритие под Скопското Кале: Пред повеќе од 5.000 години таму постоела праисториска населба

21.11.2026

Утре без струја во Бадар и Кожле од 6 часот: Планирани прекини и во Гази Баба, Ќојлија и Сопиште

19.11.2026

Утре без струја на локации во Петровец, Кисела Вода и Горно Соње

18.11.2026

Со чистење домови во Скопје може да се заработат и 40.000 денари месечно: Дневниците достигнуваат 2.500 денари

18.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

„Комуналец“ Битола започна голема акција за кастрење дрвја и чистење на сообраќајниците

10 месеци ago

ЈКП „Шар“: Известување за прекин на водоснабдувањето во дел од Тетово

1 месец ago

Популарни Вести

  • 9.000 евра за диплома без мака – обвинителството презентираше пораки и снимки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По 6.000 денари за младите битолчани: Објавен јавен повик за финансиска поддршка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Храброст или лудост: Што би се случило кога би го примениле црногорскиот модел за раст на платите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.