четврток, ноември 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Нови мерки за борба против пушењето: Подостапни услуги и терапии за откажување од тутун низ целата земја

by Redakcija
28.05.2026
in Македонија
Нови мерки за борба против пушењето: Подостапни услуги и терапии за откажување од тутун низ целата земја

По повод Светскиот ден без тутун 2026 година, Министерството за здравство најави нова, поширока стратегија за засилување на борбата против пушењето и поддршката за граѓаните кои сакаат да се откажат од тутунските производи.

На заедничка прес-конференција со претставници на Светската здравствена организација, Институтот за јавно здравје и повеќе соработници, министерот за здравство Арбен Алиу порача дека фокусот оваа година е ставен на разоткривање на начинот на кој никотинот создава зависност, како и на неговата „привлечна“, но штетна природа, особено кај младите.

Како што истакна тој, државата започнува координирана акција на повеќе нивоа: преку центрите за јавно здравје, локалните самоуправи и здравствените домови – со цел да се прошири и олесни пристапот до советувалишта за откажување од пушење. Планот е овие услуги да станат подостапни на локално ниво, со подобро поврзување на граѓаните со системот за поддршка и со континуирано следење на процесот на одвикнување.

„Сакаме секој што сака да се откаже од пушење да има јасен пат, достапна помош и постојана поддршка, особено младите кои се најранливи на влијанието на тутунот“, порача Алиу.

Тој потсети дека Министерството веќе направило чекор во таа насока со ажурирање на есенцијалната листа на лекови, на која за првпат се вклучени препарати за одвикнување од никотин, како фластери и гуми за џвакање. Со ова, како што нагласи, овие средства стануваат полесно достапни и формално интегрирани во здравствениот систем како дел од програмата за намалување на зависноста.

Паралелно, најавен е и нов закон за заштита од употреба на тутун и сродни производи, кој ќе биде усогласен со европските стандарди. Целта е, како што беше посочено, да се зајакне законската рамка и да се создадат долгорочни механизми за унапредување на јавното здравје.

Од Министерството порачаа дека и во следниот период ќе продолжи тесната соработка со Светската здравствена организација и Институтот за јавно здравје, особено во насока на подигнување на јавната свест за штетните последици од пушењето и поттикнување поздрави животни навики.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа

18.11.2026

Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

18.11.2026

Крај за рампите на патарините во Македонија?

18.11.2026

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

18.11.2026

Ноември може да донесе вистинска зима во Македонија: Се најавуваат студ и снег

18.11.2026

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување

18.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за 25 август: Голем ден за неколку знаци – љубовта, работата и среќата се на нивна страна

Дневен хороскоп за 25 август: Голем ден за неколку знаци – љубовта, работата и среќата се на нивна страна

3 месеци ago

Проданоски: Нова опрема за управување со отпад за почист и позелен Прилеп

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – „Црвена река“ од милиони ракови: Почна необичната преселба на Божиќниот Остров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Замор, трнење и заборавеност: Недостигот на витамин Б12 може да личи на знаци на стареење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачите не внимаваат на зимската замка во која често паѓаат: Светилката на инструмент-таблата нема да ве предупреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прогласена кризна состојба во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја на локации во Петровец, Кисела Вода и Горно Соње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.