сабота, октомври 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски, повратот на ДДВ кон компаниите е поголем за 4,7% во споредба со лани

by Redakcija
04.06.2026
in Економија, Топ Вести

4 јуни 2026, Скопје – До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за отплата на старите долгови е веќе реалзирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за ТВ Сител.

„Согласно проекците на буџетот и како беше испроектирано со носењето на Буџетот така се одива финансирањето. Сето она што значеше да обезбедиме средства најпрвин за отплата на старите долгови, сето тоа ние го направивме и дополнително на тоа она што треба да го обезбедиме до крајот на годината за сервисирање на буџетскиот дефицит. Тука имаме уште обврски или побарувања по основ на државни хартии од вредност или надворешно некаде меѓу 250 и 300 милиони евра со цел сето она што ни било планирано да се реализира, но секако дека дел од тоа салдо ќе се пренесе и во 2027 година“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека за годинава нема планирано издавање нова еврообврзница и потсети дека Еврообврзница веќе се издаде во јануари со која се сервисираше Еврообврзницата издадена во 2020 година од 700 милиони евра и дека минатата недела е исплатена во целост. При тоа додаде дека во текот на денот е пристигнат приливот од кредитот од странски банки во износ од 260 милиони евра и се пристигнати средствата согласно Реформската агенда со што потенцира дека се што е планиранот е изреализирано.

„Ние оваа година имаме огромни обврски и секоја следна и  постојано тоа го комуницираме. Тоа значи дека првин треба да обезбедиме пари да ги вратиме старите долгови. Не се случило во светот, освен Либан, да имала доцнење во сервисирање на своите обврски. Тоа е нешто најстрашно што може да се случи на една држава. Кога обврските ви се секоја година огромни вие првин имате фокус и задача да ги сервисирате тие обврски, а понатаму се трудите да обезбедите колку можете за покривање на буџетскиот дефицит од тековната година“, истакна министерката.

Таа посочи дека најгоелмата тежина на Министерството за финансии е што сите долгови се сконцентрирани во 4 години и дека секоја година сигурно ќе има потреба од издавање на еврообврзница, меѓутоа потенцира дека сигурно рочноста и структурата ќе се приспособи се со цел да не се повторат грешките на претходната Влада.

Осврнувајќи се дека јавниот долг во континуитет е на ниво околу 60% потенцира дека зголемвуањето на долгот или задолжувањето не е страшно ако е правилно насочено.

„Секој нов долг насочен кон одреден проект што ќе има додадена вредност за економијата во суштина ќе го намалува тој процент на јавен долг и во овој момент сметам дека Владата успешно тоа го менаџира затоа што состојбата што ја наследивме беше алармантна“, рече министерката, дополнувајќи дека покрај другото како обврска е реализирана и отплата на првиот дел од солидарниот данок кон компаниите во износ од 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра, што исто така е обврска наследена од претходната Влада.

Таа потенцира дека  Буџетот е тековен, ликвиден и нема никаков проблем со сервисирање на обврските.

Во гостувањето се осврна на растот на БДП во првиот квартал, податок којшто беше објавен од Државниот завод за статистика, кој според министерката е еден циклус на континуиран пораст или стабилен раст на БДП, што е резултат на економската активност што се случува и укажува дека имаме навистина позитивна клима која ќе продолжи и во наредниот период.

Посочи дека покрај јавните инвестиции се случуваат и инвестиции во приватниот сектор што се гледа преку двоцифрениот раст на кредитите како и поддршката обезбедена од Владата со унгарскиот заем. При тоа истакна и дека се врши навремено и редовно повратот на ДДВ кон компаниите и дека заклучно со мај 2026 година има поголем поврат на ДДВ во однос на истиот период лани за 4,7%.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

24.10.2026

Македонија меѓу најевтините земји за храна во Европа: Што покажува споредбата?

24.10.2026

УЈП со предупредувања до граѓаните: Проверете ги обврските за парите примени од странство

24.10.2026

Каде се најскапи новите станови? Анализа на 71 европски градови го открива одговорот

24.10.2026

Трамп: Можеме да ја преземеме целата иранска нафта, па дури и целата земја

24.10.2026
Инфлацијата во ЕУ може да се зголеми под притисок од енергетската криза

ЕУ сака отворањето фирма да чини до 100 евра – што предвидуваат новите правила?

24.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Обвинителка открива: Мистериозен советник на министер нарачувал обвиненија

9 месеци ago

Европската комисија покренува постапка против Бугарија поради прекумерен дефицит

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Тотален хаос во Тирана: Се каменуваат и палат министерства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фалсификувани евра сошиени во јакна: 19-годишен македонски државјанин останува во притвор во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Силна Брвеница се гради со исполнети ветувања и партнерство со граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Значаен духовен настан за Македонија: Молебен за Свети Еразмо Охридски во Ватикан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што криел еден од најбогатите гробови во Охтидско?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.