среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Тетовецот Давид Грујевски во полуфиналето на „Хајп Ѕвезди“

by Redakcija
05.06.2026
in Магазин

Младиот пејач од Тетово, 25-годишниот Давид Грујевски, продолжува да ги освојува симпатиите на публиката и жирито во регионалното музичко шоу „Хајп Ѕвезди“ (Hype Zvezde), откако обезбеди пласман во полуфиналето на натпреварувањето.

Во четвртфиналната емисија, која се одржа во средата, Давид настапи со легендарната песна „Dodji“ од групата Парни Ваљак, изведба што ја посвети на незаборавниот Аки Рахимовски, еден од најголемите вокали што ги изнедри Македонија и регионот.

Пласманот во полуфиналето доаѓа по серија успешни настапи со кои тетовецот остави силен впечаток кај членовите на жирито. Во претходните емисии тој се претстави со песните „Болиш“ од Мирза Селимовиќ, македонската народна песна „Јовано, Јованке“ и „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ.

Неговите настапи беа проследени со пофалби од сите членови на жирито, меѓу кои се и регионалните музички имиња Александар Вуксановиќ – Аца Лукас, Мира Шкориќ, Лепа Луќиќ и Мирослав Илиќ. Со пласманот меѓу најдобрите натпреварувачи во шоуто, Давид Грујевски е чекор поблиску до големото финале, а воедно и продолжува успешно да ја претставува Македонија на една од најгледаните регионални музички сцени за млади таленти.

View this post on Instagram

A post shared by HYPE ZVEZDE – Zvuk nove generacije (@hypezvezde)

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Еден час повеќе за спиење: Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

21.10.2026

Гори бавно, а жарот трае долго: Ова дрво заслужува внимание пред зимата

21.10.2026

Со љубов кон македонскиот јазик: Заедничко учење и дружење во Австралија

21.10.2026

Бик, Лав и Јарец: Денес парите доаѓаат со интересно прашање

21.10.2026

Има само 18 години, а од продажба на ЛЕГО-коцки заработил повеќе од 350.000 евра за една година: Еве како го направил тоа

20.10.2026

Имате стари музички касети на таванот? Некои примероци достигнуваат илјадници евра

20.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски: Владата ќе повлече од набавката на нов владин авион

8 месеци ago

Сеќавање, 45 години од раѓањето на Тоше Проески – легендата што никогаш не замина

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Има само четири години, а веќе остварило милионски доход: УЈП ги објави податоците за 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кумановец заврши во станица: Во деловен простор пронајдени 28 сигнални пиштоли без дозвола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Средба Николоски – Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еден час повеќе за спиење: Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.