среда, октомври 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Зеленски му предложи директна средба на Путин – Ова се реакциите

by Redakcija
05.06.2026
in Свет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое предлага директна средба лице в лице со цел да се најде пат кон завршување на војната меѓу двете земји.

Кремљ потврди дека писмото е примено и соопшти дека Путин ќе биде запознаен со неговата содржина. Од Москва порачаа дека средба меѓу двајцата лидери е можна, но според руската страна таа треба да се одржи во Москва.

Во писмото, Зеленски повторно ја истакнува потребата од директен дијалог и предлага разговорите да се одржат во неутрална држава, како Швајцарија или Турција. Тој повика и на прекин на огнот за време на евентуалните преговори.

Рускиот претседател претходно изјави дека е подготвен за договор со Украина, но нагласи дека секое решение ќе бара компромиси. Москва останува на ставот дека Киев мора да се повлече од деловите на Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје што Русија ги смета за свои територии, како и да се откаже од стремежот за членство во НАТО.

Од украинска страна повторно беше отфрлена можноста за територијални отстапки, со образложение дека таков потег би можел да поттикне нови руски барања во иднина.

На иницијативата реагираше и американскиот претседател Доналд Трамп, кој оцени дека директна средба меѓу Зеленски и Путин би била позитивен чекор.

„Мислам дека би било одлично тие да се сретнат. Треба да го направат тоа и да го разработат“, изјави Трамп, додавајќи дека очекува и двете страни да покажат подготвеност за одредени отстапки.

И покрај дипломатските пораки, борбите продолжуваат, а мировните преговори остануваат во застој по неуспешните обиди за договор во изминатите месеци.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Доналд Трамп со остра порака до Европа: Справете се сами со енергетската криза

Трамп: Цените на горивата нагло ќе паднат

06.10.2026

Поранешниот шеф на германската разузнавачка служба уапсен поради сомневање за шпионажа

06.10.2026

Финскиот претседател: Колку повеќе Русија се заканува, толку посилно ќе ја поддржуваме Украина

05.10.2026

Цените на гасот растат, зимата се ближи: Стигна важна најава за снабдувањето

05.10.2026
zelenski

ЕУ исплати нови 2,9 милијарди евра за Украина: Вкупната поддршка надмина 32 милијарди

05.10.2026

ВИДЕО | Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

04.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ребаланс на буџетот неизбежен: Економистите прогнозираат инфлација од 3,6%

Дополнителни 2 милиони денари за жените земјоделки и уште 2 милиони денари за СОС линијата за жртвите на родово и семејно насилство

3 месеци ago

Коњановски: Инвестиции за подобри услови и нови животни во зоолошката

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Утре дел од Скопје без струја – проверете дали е вашата улица на списокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА против кратењето на верските празници – празниците се вековна врска на народот со Црквата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цела година незаконски „додавала“ категории на возачки дозволи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп: Цените на горивата нагло ќе паднат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.