петок, август 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Платежната недисциплина во Европа: Дигитализацијата клуч за подобрување, ЕОС Матрих Македонија како регионален фактор

by Redakcija
18.06.2026
in Економија

Платежната недисциплина во Европа продолжува да биде сериозен предизвик за компаниите и финансискиот сектор, покажува најновата студија „Европски платежни практики 2025“ на EOS Group, спроведена меѓу 2.200 финансиски менаџери од 11 европски земји. Според резултатите, од околу 18 милијарди фактури кои секоја година се издаваат во Европа, приближно секоја четврта се плаќа со задоцнување или воопшто не се плаќа. Притоа, 19% од фактурите се подмируваат по рокот, а 5% остануваат целосно ненаплатени. Само околу една третина од компаниите се потпираат на надворешни сервис-провајдери за управување со побарувања. Истражувањето покажува дека слабата платежна дисциплина создава сè поголем притисок врз ликвидноста на компаниите, влијае врз инвестициите и ја зголемува потребата од поефикасно и дигитализирано управување со побарувањата.

Причините за доцнењата се различни кај приватните и кај деловните клиенти. Кај приватните клиенти најчести причини за доцнење се краткорочни проблеми со ликвидност, кои ги наведуваат 54% од компаниите, како и заборавеност кај 51% од случаите. Кај деловните клиенти пак, 61% од компаниите посочуваат дека нивните клиенти доцнат поради проблеми со наплата од нивни сопствени должници, 57% го наведуваат искористувањето на кредитните рокови, додека 48% сметаат дека бавните и недигитализирани процеси директно придонесуваат за доцнење. Значителен дел од испитаниците сметаат и дека дел од клиентите свесно ги одложуваат плаќањата, што дополнително ја усложнува наплатата и управувањето со ризикот.

Во вакви услови, дигитализацијата сè повеќе се наметнува како клучен фактор за подобрување на ефикасноста. Но, студијата покажува дека само околу 12 отсто од европските компании имаат целосно дигитализирани процеси за управување со побарувања, додека голем дел сè уште се потпираат на делумни или рачни системи. Токму фактот што компаниите ги посочуваат бавните и недигитализирани процеси како еден од клучните фактори за доцнење, отвора значаен простор за автоматизација и примена на вештачка интелигенција. Во својата студија, од EOS Групацијата нагласуваат дека иднината на управувањето со побарувања ќе биде силно поврзана со интелигентни дигитални решенија.

„Трендовите што ги покажува студијата јасно потврдуваат дека дигитализацијата и професионалното управување со побарувања стануваат неопходност за компаниите. Брзината, транспарентноста и флексибилноста во комуникацијата со клиентите се исклучително важни и токму затоа EOS Матрих Македонија континуирано инвестира во дигитални решенија, автоматизација и современи алатки кои овозможуваат поефикасно управување со обврските и поголема финансиска предвидливост“, изјави Катерина Бошевска, главен извршен директор на ЕОС Матрих за Македонија и Косово.

Како дел од искусна меѓународна групација во оваа област, EOS Матрих Македонија има силна улога во развојот на современи и одржливи практики за управување со побарувања на домашниот пазар.

Инаку, европската студија покажува и дека компаниите низ Европа сè повеќе ги скратуваат роковите за плаќање во обид да ја заштитат својата ликвидност. Секоја петта европска компанија очекува платежната дисциплина дополнително да се влошува во следните две години, што создава потреба од поголема финансиска предвидливост.

Последиците од оваа состојба веќе сериозно се чувствуваат во европската економија. Речиси половина од компаниите пријавуваат намален профит како директна последица од неплатените фактури, значителен дел имаат повисоки трошоци за финансирање, додека многу компании биле принудени да ги намалат или одложат инвестициите.

Дел од испитаниците наведуваат дека ваквата состојба претставува и ризик за нивната долгорочна одржливост. Во рамки на студијата, од EOS Group посочуваат дека колку подолго компаниите чекаат на своите средства, толку е поголема веројатноста тие никогаш да не бидат наплатени.

Студијата говори и дека европските компании очекуваат посилна институционална поддршка за подобрување на платежната дисциплина. Половина од испитаниците сметаат дека е неопходно намалување на бирократските процедури, додека голем дел бараат поедноставни и поефикасни правни механизми за наплата, како и појасни регулативи и подобри механизми за проверка на кредитоспособноста.

Во услови на растечки предизвици, EOS Матрих Македонија останува фокусирана на развој на транспарентни, ефикасни и одржливи решенија, кои придонесуваат за подобра финансиска дисциплина, поддршка на економијата и унапредување на современите европски практики на домашниот пазар.

…

Related Posts

СТЕНТОН ГРАДБА започна нов проект за изградба на магацин за фабриката СЕКЕ во Крушево

21.08.2026

Љатифи со американската амбасадорка Варнс во ТЦ Охрид: Во фокус е енергетското поврзување со Албанија

21.08.2026

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,38 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

20.08.2026
Крај на една ера: „Тинекс“ ги празни маркетите и го продава бизнисот

Крај на една ера: „Тинекс“ ги празни маркетите и го продава бизнисот

20.08.2026

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

20.08.2026
Биткоин бележи пад веќе петти месец по ред

Биткоинот нагло порасна: Цената надмина 69.000 долари

20.08.2026

Препорачани Вести

Германија расправа за продажба на дел од златните резерви вредни 440 милијарди евра

Германија расправа за продажба на дел од златните резерви вредни 440 милијарди евра

4 месеци ago
Главата на Це-три-пи-о од „Војна на ѕвездите“ продадена за рекордни 1,05 милиони долари

Главата на Це-три-пи-о од „Војна на ѕвездите“ продадена за рекордни 1,05 милиони долари

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Агриа за првпат извезе свинско месо од Македонија во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп е во сериозен инвестициски циклус, над 12 милиони евра за проекти во градот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СТЕНТОН ГРАДБА започна нов проект за изградба на магацин за фабриката СЕКЕ во Крушево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љатифи со американската амбасадорка Варнс во ТЦ Охрид: Во фокус е енергетското поврзување со Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денес стартува Премиер лигата, Арсенал повторно главен фаворит

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.