понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

by Redakcija
19.08.2026
in Македонија, Топ Вести

Screenshot

Република Чешка го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

На пленарната средба во Вила „Охрид“ Мацинка нагласи дека членството на Македонија во ЕУ е приоритет за Чешка и дека земјата е подготвена да го сподели сопственото искуство од пристапниот процес.

– Членството на Македонија во Европската Унија е приоритет за Република Чешка. Тоа е во наш заеднички интерес, Европската Унија да се прошири со земјите коишто поминуваат низ пристапните преговори, токму на ваков начин како што тоа го прави вашата земја. Нашиот процес за пристапување не беше едноставен, траеше долго. Ние во текот на тој процес не ги направивме сите работи правилно, па имаме многу искуство коешто можеме да го споделиме, за да не ги повторувате грешките коишто ние ги направивме. Но, низ цело тоа време сакавме да ја промениме нашата земја за да биде членка на Европската Унија. Требаше да имаме некој однатре којшто може да зборува со ист јазик, којшто има ист поглед кон светот како нас, кој ги разбира работите во Европската Унија. Сега ние сме во ситуација кога сме членки на Европската Унија, но го уверувам министерот Муцунски и сите останати претставници на Македонија дека ние сме навистина пријателска земја – нагласи Мацинка.

Чешкиот министер за надворешни работи порача дека Македонија може да смета на Чешка како пријателска земја и дека Прага ја следи сложеноста на пристапниот процес на земјава.

– Но, морам да ве уверам дека е наша приоритетна цел да ја видиме  Македонија во Европската Унија што е можно побргу и сме подготвени да направиме сè што ќе биде потребно. Тоа не е само битно за вас, туку и за нас – рече Мацинка.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, пак, истакна дека посетата се реализира во година во која земјава одбележува 35 години независност, а дипломатските односи со Чешка влегуваат во четвртата деценија.

– Оваа официјална посета се реализира во година кога одбележуваме 35 години од независноста на нашата држава, но и период кога влегуваме во четвртата деценија од воспоставување на дипломатските односи помеѓу нашите две земји. Во изминатите децении изградивме односи на искрено пријателство, меѓусебна доверба и партнерство. Денешната посета е токму тоа – потврда за јасна политичка волја ова партнерство не само да го одржуваме, туку да му дадеме нова содржина, рече Муцунски.

Тој посочи дека со чешкиот колега разговарале за продлабочување на политичкиот дијалог, економската соработка, трговијата, инвестициите, миграцијата, како и соработката во културата и образованието.

– Разговаравме за повеќе теми, меѓу кои за продлабочување на политичкиот дијалог, економската соработка, трговијата и инвестициите, миграцијата како тема, но и соработката во културата и образованието. На економски план постои значителен простор за повеќе. Чешката Република веќе се вбројува помеѓу нашите 15 најзначајни трговски партнери, но нашата амбиција е оваа соработка да ја подигнеме на уште повисоко ниво. Гледаме конкретни можности за транспорт и инфраструктура, енергетика, туризам, земјоделство и технолошки инвестиции – рече Муцунски.

Ја нагласи и поддршката од Чешка за европската перспектива на Македонија.

– Чешка е многу важен европски и евроатлантски партнер на нашата држава. Особено ја цениме нејзината принципиелна и континуирана поддршка за европската перспектива на нашиот регион и за нашето полноправно членство во Европската Унија – рече Муцунски.

Во однос на европската интеграција, Муцунски, исто така, порача дека таа останува наша стратешка определба и дека земјава е подготвена да ги спроведе реформите и да ги исполни европските стандарди, но очекува процесот да биде кредибилен и предвидлив.

– За нас европската интеграција останува стратешка определба. Ние сме подготвени да ја завршиме нашата работа, да ги спроведеме реформите и да ги исполниме европските стандарди. Но истовремено сме јасни дека процесот мора да биде кредибилен и предвидлив и дека напредокот мора да се вреднува врз основа на резултати, заслуги и однапред утврдени европски критериуми. Во таа смисла, ние не бараме привилегиран третман, ние бараме фер и европски процес – рече Муцунски.

Тој нагласи дека реформите се спроведуваат пред сè за граѓаните и оти интеграцијата на Западен Балкан е значајна и од аспект на европската безбедност и стабилност.

– Реформите пред сè ги правиме за нашите граѓани. Тие треба да значат подобри институции, посилно владеење на правото, поконкурентна економија и повисок животен стандард. Но, кога една држава ги исполнува своите обврски, Европската Унија мора да биде подготвена да го препознае тоа и соодветно да го вреднува. Веруваме во Европа која носи одлуки и која ги исполнува своите ветувања и која разбира дека интеграцијата на Западниот Балкан денес не е само прашање на проширување, туку и прашање на европска безбедност, стабилност и геополитичка кредибилност – рече Муцунски.

Во разговорите биле опфатени и прашања поврзани со безбедноста, при што Муцунски истакна дека двете земји, како сојузници во НАТО, имаат заедничка одговорност за зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста во Европа и регионот.

– Како сојузници во НАТО, разговаравме за потребата од натамошно зајакнување на нашата соработка и координација, како и нашата заедничка одговорност за зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста на Европа, но и на нашиот регион – рече Муцунски. 

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

23.11.2026

Божиновска: Младите инженери имаат можност да учат, да напредуваат и да работат на важни проекти дома

23.11.2026

Средба Николоски -Зомер: Унапредување на економската соработка, инвестиции и туризмот

23.11.2026

Тоневски: Се санира покривот на ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип, оштетен од летното невреме

23.11.2026
Фершпед

Добивката на групата Фершпед порасна 10,6%, иако матичното друштво заработи помалку

23.11.2026

Мицкоски со мерки за младите: Поевтини станови и полесен пат до сопствен дом

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Какви ќе бидат есента и зимата во Македонија? Потопло од просекот, но со можни невремиња

Какви ќе бидат есента и зимата во Македонија? Потопло од просекот, но со можни невремиња

4 месеци ago
Лазаров го објави поширокиот список: 35 ракометари за баражот со Словачка за СП 2027

Лазаров го објави поширокиот список: 35 ракометари за баражот со Словачка за СП 2027

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Младите инженери имаат можност да учат, да напредуваат и да работат на важни проекти дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вашингтон најавува силна поддршка за домашната рударска индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.