среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Финансиската полиција со нов случај – Кривични пријави за пет лица и две фирми 

by Redakcija
24.06.2026
in Црна Хроника

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против пет физички лица и две правни лица поради сомнежи за злоупотреби поврзани со користење средства од европските фондови и незаконско стекнување имотна корист во вредност од над 50 милиони денари.

Кривичните пријави се доставени до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Основното јавно обвинителство Скопје. Осомничени се две лица во својство на надзорни инженери, како и тројца сопственици и управители на две компании, додека пријави се поднесени и против самите правни субјекти.

Според наводите на Финансиската полиција, надзорните инженери, спротивно на законските одредби, извршиле технички преглед на објекти и изготвиле завршни извештаи со невистинита содржина, иако објектите не биле целосно завршени. Со ваквите документи било овозможено нивно впишување во Агенцијата за катастар на недвижности.

Истражителите сметаат дека сопствениците и управителите на компаниите биле свесни дека објектите не ги исполнуваат законските услови за употреба, но сепак ги искористиле спорните извештаи за да создадат привид дека инвестициите се завршени и подготвени за користење.

Целта, според пријавата, била обезбедување исплата на финансиска поддршка преку Програмата за рурален развој во рамките на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија – ИПА 3, односно ИПАРД 2021–2027.

Со ваквите дејствија, осомничените се обиделе да стекнат противправна имотна корист во вкупен износ од 50.141.528 денари.

Против пријавените се поднесени кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги, измама на штета на средствата на Европската Унија во обид и употреба на исправа со невистинита содржина. За случајот ќе постапуваат надлежните обвинителства.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

04.11.2026

Агресивно се однесувал во локал во тетовски трговски центар, завршил во полициска станица

04.11.2026

МВР со детали за трагедијата во Богданци

04.11.2026
Трагедија во Гази Баба: Почина 24-годишно момче, обвинител нареди обдукција

Девојката пронајдена мртва во Богданци претходно го пријавила момчето за насилство

04.11.2026

Трагедија кај Богданци: Пронајдени две тела, едното во опожарен автомобил

04.11.2026

Голема акција на полицијата: Разбиена мрежа за инвестициски измами

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Брисел наспроти Западен Балкан: Како ЕТИАС предизвикува блокада на границите

9 месеци ago

Италија ја одби САД: Американските бомбардери нема да слетаат во базата на Сицилија

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Самрак на вековниот симбол на шведската индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.