сабота, ноември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Црна Гора доби најголем противпожарен авион во Европа

by Redakcija
25.06.2026
in Балкан

Црна Гора обезбеди дополнителни капацитети за справување со летните пожари, откако склучи договор за изнајмување на противпожарен авион Антонов АН-32П, кој важи за еден од најголемите во својата категорија во Европа.

Договорот е склучен со украинската фирма „Ксена“ и е вреден околу 3,5 милиони евра. Авионот ќе биде стациониран во Црна Гора три месеци, почнувајќи од 1 јуни.

Воздухопловот пристигнува со комплетна екипа, вклучувајќи пилоти, техничари и механичари, како и целосно осигурување.

Антонов АН-32П е специјализиран противпожарен авион, опишуван како „летачка цистерна“, со капацитет на носење вода до 8 тони. За споредба, Ер тракторите носат околу 3 тони, додека Канадер авионите имаат капацитет од 5 до 6 тони.

Според информациите, авионoт веќе претходно бил користен во Црна Гора како дел од меѓународна помош од Обединетите Арапски Емирати, по што се покажал како ефикасен во гаснењето пожари.

Во Црна Гора моментално се располага со еден оперативен Ер трактор, додека уште два се на сервис, што дополнително ја зголемува потребата за изнајмување странски воздухоплови во летната сезона.

Практиката на изнајмување противпожарни авиони станува сè почеста во регионот, при што повеќе држави, меѓу кои Турција, Босна и Херцеговина и други земји, користат слични модели за зајакнување на противпожарните капацитети во периоди на зголемен ризик од пожари.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Рударството е ‘рбетот на суверенитетот“: Бугарија се фали со ново наоѓалиште на бакар, Македонија го остава неискористен потенцијалот на Иловица

20.11.2026
Обвинение против Никшиќ и Исак: Се бара забрана за вршење на премиерската и министерската функција во Федерацијата БиХ

Обвинение против Никшиќ и Исак: Се бара забрана за вршење на премиерската и министерската функција во Федерацијата БиХ

20.11.2026
(ВИДЕО) Вучиќ пушти снимка од сопругата на Веља Невоља во Собранието: Вака одговори на обвинувањата за врски со криминалци

(ВИДЕО) Вучиќ пушти снимка од сопругата на Веља Невоља во Собранието: Вака одговори на обвинувањата за врски со криминалци

20.11.2026

Внимание ако патувате за Грција: Од утре три дена затворен дел од автопатот Солун–Евзони

19.11.2026

Пет години ја шпионирале бугарската влада: Хакери украле над 62 милиони страници државни документи

19.11.2026

ВИДЕО|Десет деца завршија во болница: Се истражува драматичниот инцидент во Белград

18.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонија најевтина земја во Европа според Евростат

5 месеци ago

Измама со лажна работна виза: 51-годишник од Тетово остана без 2.790 евра

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Тоневски: Учениците од „Никола Карев“ се запознаа со работата на Општина Пробиштип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љатифи: Продолжуваме со стратешките проекти за посигурен и постабилен електропреносен систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Трамп: Путин е во тешка позиција, војната што требаше да трае еден ден трае речиси пет години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Десет нови телевизори за Домот „Киро Крстески – Платник“, во буџетот за 2027 се планираат подобри услови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Со амбасадорот Акташ разговаравме за посилна соработка со Турција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.