петок, октомври 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

by admin
28.06.2026
in Македонија


Големи сообраќајни метежи и денеска се бележат на граничниот премин „Богородица“, каде што за влез во Македонија патниците чекаат и до четири часа. Километарските колони од автомобили, автобуси, кампери и мотоцикли се формираа уште од вчера попладне, а голем број граѓани преку социјалните мрежи реагираат дека пасошките контроли се одвиваат многу бавно.

Во меѓуграничниот простор се создадени долги колони возила, додека во спротивниот правец – за излез од Македонија и влез во Грција – во моментов нема поголеми задржувања, за разлика од претпладневните часови кога и таму имаше зголемена фреквенција.

Дополнителен проблем претставуваат високите температури, кои значително ја отежнуваат состојбата за патниците што со часови чекаат во возилата. Меѓу нив има и голем број семејства со мали деца, поради што се препорачува секој што патува редовно да ја следи состојбата на граничните премини преку информациите на Авто-мото сојузот на Македонија.

Како препорака, патувањето да се планира во доцните вечерни часови, кога температурите се пониски. Иако тоа не значи дека времето на чекање ќе биде значително пократко, сепак ќе се избегнат екстремните горештини.

Според проценките од терен и искуствата од изминатите викенди на почетокот на летната сезона, големите задржувања на граничниот премин „Богородица“ најверојатно ќе продолжат и во текот на денешниот ден. Зголемениот број патници кои се враќаат во земјава или транзитираат кон север по продолжените викенди создава постојан притисок врз граничните служби.

На патниците им се советува да тргнат со доволно вода, да бидат подготвени за подолг престој во колоните и, доколку имаат можност, да ги користат алтернативните гранични премини каде што традиционално има помала фреквенција на возила.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски: „Свои на своето!“ – со корен во минатото и со верба во иднината

23.10.2026

Милошоски: Македонија е идеал и завет што нè обврзува да ја чуваме нејзината иднина

23.10.2026

Гаши со честитка за 23 Октомври: Само обединети можеме да изградиме држава во која секој ќе се чувствува еднакво

23.10.2026

Божиновска: Да го чуваме наследството и да градиме Македонија каква што заслужуваат идните генерации

23.10.2026

ВЛЕН: Нова поддршка за војниците, земјоделците и студентите

23.10.2026

„Свои на своето!“: Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

23.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Љубчо Георгиевски: „Македонец“ и „македонско“ отсекогаш постоеле во бугарската историја и литература

5 месеци ago

Лепиткова: Иловица е добро истражен проект, а современите технологии обезбедуваат високи еколошки стандарди

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Плаќале 3.200 евра за наводна кубанска вакцина: Семејства на болни од рак бараат одговор што примале нивните блиски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп со хуманитарна иницијатива: Најавен локален прекин на огнот во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѝ ветиле приватизација на земјиште, останала без 117.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Го ограбиле и го принудувале да земе брз кредит – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лекари и студенти по медицина се приклучија на протестите против владата на Рама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.