петок, октомври 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Иран гаѓаше цели во Бахреин и Кувајт по новите американски напади

by admin
28.06.2026
in Свет

Иран возврати со ракетни напади врз американски бази во Бахреин и Кувајт, Трамп се закани со „уништување“ на Исламската Република

Тензиите на Блискиот Исток повторно ескалираа откако Соединетите Американски Држави извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, како одговор на напад со беспилотно летало врз трговски брод под панамско знаме во Ормускиот Теснец.

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека нападите биле насочени кон повеќе воени цели низ Иран, оценувајќи дека станува збор за директен одговор на, како што наведоа, „континуираната агресија“ врз меѓународниот комерцијален поморски сообраќај.

Според соопштението, погодени биле десет воени цели на различни локации во и околу Ормускиот Теснец. Меѓу нив се воена опрема, комуникациски системи, позиции на противвоздушната одбрана, како и објекти за складирање беспилотни летала.

Како одговор, Иранската револуционерна гарда објави дека лансирала балистички ракети и беспилотни летала кон американска инфраструктура и воени бази во Кувајт и Бахреин, тврдејќи дека целите биле успешно погодени и уништени.

Во своето соопштение, Гардата порача дека, согласно меморандумот за разбирање потпишан овој месец, Иран има договори поврзани со контролата на пловидбата низ Ормускиот Теснец и најави построги мерки против бродовите што ќе ги прекршуваат правилата.

„На секоја потенцијална непријателска агресија, без разлика под каков изговор ќе биде изведена, ќе следува уништувачки одговор“, наведоа од Иранската револуционерна гарда.

Во меѓувреме, САД и Иран меѓусебно се обвинија за прекршување на договорот за прекин на огнот.

Од CENTCOM соопштија дека на Иран му била дадена можност да го почитува договорот, но дека тоа не се случило откако ирански дронови погодиле танкер под панамско знаме, по што следувал американскиот воен одговор.

По нападите, американскиот претседател Доналд Трамп испрати остра порака до Техеран.

„Многу е можно Иран никогаш да не научи. Може да дојде момент кога повеќе нема да можеме да бидеме разумни и ќе бидеме принудени воено да ја завршиме работата што многу успешно ја започнавме. Ако тоа се случи, Исламската Република Иран повеќе нема да постои“, изјави Трамп.

Во меѓувреме, властите во Кувајт и Бахреин потврдија дека нивните системи за противвоздушна одбрана биле активирани по иранските напади.

И покрај новата ескалација, CENTCOM соопшти дека комерцијалниот поморски сообраќај низ Ормускиот Теснец засега продолжува без прекин.

Најновата размена на напади доаѓа помалку од 24 часа по претходните американски воздушни операции, за кои Вашингтон соопшти дека биле изведени како одговор на нападот со беспилотно летало врз товарен брод што пловел под панамско знаме во Ормускиот Теснец.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Меланија Трамп со хуманитарна иницијатива: Најавен локален прекин на огнот во Украина

23.10.2026

Европската вселенска амбиција пред тежок испит: Осум лансирања наспроти 170 на „Илон Маск“

23.10.2026

Операција „Велес“: Украински војници минале над 15 километри под земја за да стигнат зад руските позиции

22.10.2026

Новите правила на ЕУ носат промени за патниците: Што ако ви го откажат летот?

22.10.2026

Руски дизел утре тргнува за САД: Првата пратка ќе изнесува 40.000 тони

21.10.2026

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше „многу глупав руски генерал“

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Иран со нов ултиматум

7 месеци ago
Сериозни злоупотреби во болницата во Прилеп – п однесено обвинение

Сериозни злоупотреби во болницата во Прилеп – п однесено обвинение

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Полицијата му затропа на врата: 40-годишен штипјанец приведен по претрес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Плаќале 3.200 евра за наводна кубанска вакцина: Семејства на болни од рак бараат одговор што примале нивните блиски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп со хуманитарна иницијатива: Најавен локален прекин на огнот во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѝ ветиле приватизација на земјиште, останала без 117.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Го ограбиле и го принудувале да земе брз кредит – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.