четврток, ноември 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Тетовец измамен за 3.400 евра: Лажна професорка барала пари за лекување на „ќерката“ во Франција

by admin
28.06.2026
in Црна Хроника

Полицијата во Тетово уапси 65-годишна државјанка на Република Албанија, осомничена дека измамила 67-годишен тетовец за вкупно 3.400 евра, претставувајќи се лажно како универзитетска професорка.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 27 јуни 2026 година околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Н.Б. (65) на крстосницата на улиците „Видоје Смилевски Бато“ и „29 Ноември“ во Тетово.

Апсењето следувало по пријава поднесена претходниот ден од 67-годишен жител на Тетово, кој пријавил дека во изминатите три месеци во неколку наврати ѝ позајмувал пари на жена која се претставувала како универзитетска професорка.

Според пријавата, осомничената му кажувала дека нејзината ќерка доживеала тешка сообраќајна несреќа во Франција и дека итно ѝ се потребни средства за лекување. Верувајќи во нејзината приказна, оштетениот ѝ предал вкупно 3.400 евра.

Од МВР информираат дека Н.Б. е осомничена за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Со специјален уред краделе струја: Откриена измама тешка 2,7 милиони денари

11.11.2026

Сакал да купи „Ауди А5“ од Германија, останал без автомобил и без 6.800 евра

11.11.2026

Наместо да ги плати казните, доставил фалсификувани уплатници – кривична за 20-годишник

11.11.2026

Што пишува во полицискиот билтен за приведувањето на 19-годишникот покрај Вардар?

10.11.2026

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“, при проверката откриени 171 таблета

09.11.2026
Страшна сообраќајна несреќа во Сплит: Три лица се борат за живот, мотоцикл се запалил по силен судир со автомобил

Страшна сообраќајна несреќа во Сплит: Три лица се борат за живот, мотоцикл се запалил по силен судир со автомобил

08.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Хоџа на средба со Светска банка: Борбата со загадувањето е приоритет

9 месеци ago
Инцидент во Собранието: Дебатата за родова еднаквост прекината по жестока расправија

Инцидент во Собранието: Дебатата за родова еднаквост прекината по жестока расправија

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Со специјален уред краделе струја: Откриена измама тешка 2,7 милиони денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сакал да купи „Ауди А5“ од Германија, останал без автомобил и без 6.800 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наместо да ги плати казните, доставил фалсификувани уплатници – кривична за 20-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американците полудеа по десертот што кај нас беше хит во 80-тите години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е најстрашниот хорор-негативец?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.