четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Македонската економија бележи стабилно закрепнување и континуиран раст, зад овие резултати стојат огромна работа и посветеност

by Redakcija
02.07.2026
in Економија, Топ Вести

Ако погледнеме наназад, ќе видиме дека во периодот од 2017 до 2023 година просечниот економски раст изнесуваше околу 1,8 процент, а денес имаме значително повисока динамика, 3 отсто раст во 2024, 3,5 проценти во 2025 и во 2026 година стабилна позитивна траекторија на економски раст – рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Поминаа две години од управувањето со јавните финансии, две години во тешки економски услови, глобални неизвесности и огромни фискални предизвици. Но и две години во кои направивме свесен избор – избор за дисциплина, за фискална одговорност и за долгорочни решенија наместо краткорочен популизам. Во овие две години макроекономските резултати се повеќе од јасни: македонската економија во овој период бележи стабилно закрепнување и континуиран раст. Ако погледнеме наназад, ќе видиме дека во периодот од 2017 до 2023 година просечниот економски раст изнесуваше околу 1,8 процент, а денес имаме значително повисока динамика, 3 отсто раст во 2024, 3,5 проценти во 2025 и во 2026 година стабилна позитивна траекторија на економски раст – рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Како што истакна Димитриеска-Кочоска на прес-конференција во Владата давајќи отчет за сработеното, инфлацијата, која во 2022 година достигна 14,2 проценти и сериозно влијаеше врз животниот стандард на граѓаните, а денес, и покрај продолжената глобална неизвесност и последиците од една од најголемите енергетски и економски кризи во последните децении, во мај изнесуваше 4,8 проценти. Проекциите за оваа година остануваат во рамките на очекуваната стабилност.

– Тоа значи дека успеавме да ги амортизираме глобалните ценовни шокови и повторно да обезбедиме предвидлива економска средина. Ова е особено важно затоа што стабилната инфлација создава услови за реален раст на платите. Во овие две години растот на платите продолжи со силна динамика. Номиналниот раст на платите во 2024 година изнесуваше 12,6 проценти, во 2025 година 9,6 проценти, а и годинава очекуваме раст од над 8 проценти. Но уште поважно е што по долг период, граѓаните повторно имаат реален раст на примањата. По падот на реалните плати во 2022 година од 2,9 проценти, во 2024 година тие пораснаа за 8,8 проценти, а во 2025 година за дополнителни 5,3 проценти. Ова е клучен сигнал дека реалната куповна моќ се подобрува. Свесни сме за проблемите на граѓаните, ги живееме заедно и напорно работиме да ги решиме – потенцира министерката.

Според неа, има подобрување речиси кај сите статистички економски индикатори.

– Тоа се бројки што ќе останат да сведочат за нашето работење. Но овие резултати не доаѓаат преку ноќ. Зад резултатите во економијата стојат огромна работа и посветеност во Министерството за финансии во изминатите две години. Враќањето на довербата во фискалната политика беше еден од моите лични мотиви кога ја прифатив оваа функција. Кога ја презедов одговорноста, мој приоритет беше стабилизацијата на јавните финансии. Со ребалансот на буџетот за 2024 година обезбедивме ликвидност, редовна исплата на плати, пензии и социјални трансфери и навремено сервисирање на обврските на државата. Тоа е приоритет што се пресликуваше и во следните буџетски решенија, а така ќе биде и понатаму – истакна Димитриеска-Кочоска.

Во овој период, информира, сервисирани се 4,4 милјарди евра од јавниот долг, а до крајот на годината доспеваат уште 983 милиони евра. 

– Тоа се пари што Министерството за финансии ги обезбеди во изминатите две години за да се отплатат стари долгови. Притоа главен фокус беше како да управуваме со рочноста на овие кредити. Не е ист товарот на буџетот ако тие огромни суми, како што е еврообврзницата од 700 милиони евра, треба да се вратат на 4, 5 или 8 години – управувањето со рочноста е клучен елемент на фискалната стабилност. Не е исто да се отплаќаат долгови во големи износи секоја втора година или секоја година како што сега се случува, со оглед дека сите четири години достасуваат обврзници во огромни износи. Во меѓувреме, редовно ги сервисиравме сите домашни и странски обврски и истовремено обезбедивме средства за најголемиот инвестициски циклус во последните години. И покрај ова големо раздолжување, обезбедивме средства за зголемени капитални инвестиции, за редовна исплата на плати, пензии и социјални права, како и за поддршка на стопанството. 

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Проданоски: Прилеп е домаќин на меѓународна конференција за здравствени и социјални услуги

05.11.2026

Коњановски: Навремената реакција на терен е приоритет за зимската служба во Битола

05.11.2026

ЕУ бара усогласување со политиките за критични суровини, Македонија треба да го отвори патот за нови рударски инвестиции

05.11.2026

Пониски приходи и добивка на Реплек, со раст на домашната продажба

05.11.2026

Божиновска: Европската комисија нотира напредок во енергетиката, обновливите извори достигнаа 58,22 отсто од инсталираната моќност

05.11.2026

Народна банка: Позитивни оценки од ЕК за банките и напредок во европските платежни системи

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во „Пулс“, тврди вештакот Марковски

4 месеци ago
Лукашенко со порака до Трамп: Не одлучуваш ти кој ќе ја води Украина!

Лукашенко со порака до Трамп: Не одлучуваш ти кој ќе ја води Украина!

3 недели ago

Популарни Вести

  • МВР и ДЕА помогнале во заплена на над 300 килограми кокаин во Германија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп е домаќин на меѓународна конференција за здравствени и социјални услуги

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Навремената реакција на терен е приоритет за зимската служба во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кејн останува во Минхен: Баерн го задржува својот голгетер до 2029 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога е „Црниот петок“ во 2026 година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.