недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ВИДЕО: Русија изврши еден од најголемите воздушни напади врз Киев од почетокот на војната

by Redakcija
02.07.2026
in Свет

Screenshot

Русија во текот на ноќта изврши еден од најмасовните воздушни напади врз Украина од почетокот на војната, при што главна цел беше Киев. Нападот, кој траел со часови, бил изведен со беспилотни летала, крстосувачки, балистички и хиперсонични ракети.

Според украинските власти, најмалку две лица загинале, а повеќе од 20 се повредени. Меѓу повредените има цивили, но и припадници на итните служби.

Во населбата Шевченкивски е оштетена зграда на службата за итна медицинска помош, при што биле повредени петмина медицински работници, од кои еден е во критична состојба. Во Десњанскиот реон се урнала деветкатна станбена зграда, а спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по евентуално затрупани лица.

Украинските власти соопштија дека биле погодени повеќе од 28 локации, главно станбени објекти и инфраструктура, а на повеќе места избувнале пожари. Оштетен е и хотел во центарот на Киев.

Нападот следува само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов масовен удар врз Украина. Тој ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да ги следат сирените за воздушна опасност.

Освен во Киев, експлозии биле регистрирани и во Запорожје, Павлоград, Суми и Харков, каде исто така биле активирани сирените за воздушен напад.

Поради нападите, Полска ги активираше своите борбени авиони како превентивна мерка за заштита на сопствениот воздушен простор, соопштија полските вооружени сили.

Украинските власти предупредуваат дека безбедносната состојба останува исклучително нестабилна, а конечниот број на жртви и материјалната штета сè уште се утврдуваат.

💔 At least 9 killed as Russia launches overnight attack on Kyiv

More than 30 locations across every district of Kyiv were damaged, according to the Kyiv City Military Administration.

Residential buildings suffered the heaviest destruction. Rescue teams are still searching… pic.twitter.com/Nw0A5vyD3m

— NEXTA (@nexta_tv) July 2, 2026

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО | Сателитска снимка од нападот кај Бенгази: По рускиот воен брод, поморски дрон погодил и товарен брод

ВИДЕО | Сателитска снимка од нападот кај Бенгази: По рускиот воен брод, поморски дрон погодил и товарен брод

22.11.2026
ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

22.11.2026
Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

22.11.2026
ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

22.11.2026
ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

22.11.2026
Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ФОТО | Кокаин во перница, пиштол под кревет: Уапсени 10 лица при претреси низ Македонија

ФОТО | Кокаин во перница, пиштол под кревет: Уапсени 10 лица при претреси низ Македонија

1 месец ago
pari

ДДВ регистрација задолжителна за компании со промет над 2 милиони денари, велат од УЈП

10 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фајненшл тајмс: Вучиќ лично вршел притисок да се тргнат пречките за хотелот на Трамп во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави поевтини станови за млади брачни парови и повисок студентски оброк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.