сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра: Мицкоски најави намалување на јавниот долг и повеќе средства за инвестиции

by admin
05.07.2026
in Економија, Македонија
Исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра: Мицкоски најави намалување на јавниот долг и повеќе средства за инвестиции

Министерството за финансии целосно ја исплати еврообврзницата во износ од 700 милиони евра, која беше издадена во 2020 година, со што државата ја затвори една од најголемите финансиски обврски од претходниот период.

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека обврската е сервисирана предвреме, што, според него, овозможило заштеда од неколку милиони евра по основ на камати и претставува важен чекор кон стабилизирање на јавните финансии.

„Еврообврзницата од 700 милиони евра, која беше издадена во 2020 година, е целосно исплатена. Со предвременото сервисирање успеавме да заштедиме неколку милиони евра камати, а истовремено испраќаме јасна порака дека државата води одговорна и дисциплинирана фискална политика“, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека во изминатите две години Владата се соочила со сериозни финансиски обврски наследени од претходниот период, но и покрај тоа успеала навремено да ги сервисира.

Според неговите податоци:

– Исплатена е еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година;
– Со предвремената исплата се заштедени неколку милиони евра камати;
– Во изминатите две години се сервисирани или репрограмирани обврски во вкупна вредност од околу 4,6 милијарди евра.

Мицкоски нагласи дека повеќе од три четвртини од сервисираните обврски потекнуваат од периодот на седумгодишното владеење на СДСМ и ДУИ.

„Ние тековно и одговорно ги сервисираме тие огромни обврски, но истовремено наоѓаме средства за нови развојни проекти и за крупни инфраструктурни инвестиции кои граѓаните веќе можат да ги видат на дело“, изјави премиерот.

Од Владата оценуваат дека навременото сервисирање на долговите ќе придонесе за постепено намалување на јавниот долг, подобрување на финансиската стабилност и создавање повеќе простор во Буџетот за реализација на капитални проекти и инвестиции.

Според премиерот, целта е паралелно со редовното исполнување на финансиските обврски да продолжи инвестицискиот циклус во инфраструктурата, енергетиката, здравството и образованието, без дополнително оптоварување на јавните финансии.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал и девет месеци од 2026 година

30.10.2026

Божиновска: Енергетската транзиција мора да донесе сигурност и нови можности за економски развој

30.10.2026

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

30.10.2026

Платата доцни, трошоците продолжуваат: Колкава резерва ви е потребна?

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Теменугов: Долгот од минатото ќе ја притисне буџетската рамка

10 месеци ago

Превентивно повлечени одредени серии формули за доенчиња – Потрошувачите или да ги врата или да ги уништат 

9 месеци ago

Популарни Вести

  • „Мерцедес“ излетал од автопат и завршил во двор кај Трубарево: Двајца тешко повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема акција на полицијата: Контроли во Скопје, Прилеп, Штип, Боговиње и Демир Капија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателот го прекина патувањето, полицијата пред судот: Што се случува во Полска?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Може ли да се врати подарен стан? Кога родителите можат да побараат правна заштита

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: „Камера 300“ го чува наследството на браќата Манаки и ги носи животните приказни на големото платно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.