среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Научниците открија што им е заедничко на луѓето кои живеат до 100 години – не е само здравата исхрана

by Redakcija
09.07.2026
in Магазин

Иако здравата исхрана, физичката активност и добрите социјални односи долго време се сметаат за клучни фактори за долг живот, ново истражување покажува дека важна улога има и личноста на човекот.

Истражувањето, спроведено меѓу жителите на Сардинија – една од познатите „Сини зони“ во светот каде што живеат голем број стогодишници – открива дека долговечните луѓе делат одредени психолошки карактеристики кои придонесуваат за поздраво стареење. Резултатите се објавени во научното списание International Journal of Applied Positive Psychology.

Во истражувањето учествувале 125 лица на возраст од 71 до 101 година, од кои 55 живееле во „Сината зона“ на Сардинија, а останатите во соседни заедници со слични животни услови.

Научниците анализирале повеќе аспекти од нивниот живот, вклучувајќи го физичкото и менталното здравје, квалитетот на животот, хобијата и петте главни особини на личноста – отвореност, совесност, екстровертност, пријатност и невротицизам.

Резултатите покажале дека жителите на „Сината зона“ имаат значително повисоко ниво на отвореност – особина што се поврзува со љубопитност, желба за учење, прифаќање нови искуства и подготвеност за истражување нови идеи.

Освен тоа, тие покажале подобри способности за справување со стресот, повисока емоционална зрелост и повеќе време посветувале на хобија и активности кои ги одржуваат ментално и физички активни.

Истражувачите утврдиле и дека лицата со поголема совесност почесто биле позадоволни од животот и полесно се справувале со секојдневните предизвици, додека кај луѓето со повисок степен на невротицизам почесто бил забележан послаб квалитет на живот.

Авторите нагласуваат дека личноста сама по себе не го продолжува животниот век, но може да влијае врз навиките што придонесуваат за здраво стареење. Љубопитните луѓе почесто остануваат активни, не престануваат да учат, одржуваат социјални контакти и развиваат интереси кои позитивно влијаат врз нивното здравје.

Сепак, научниците предупредуваат дека станува збор за релативно мало опсервациско истражување и дека се потребни дополнителни анализи. Но, резултатите дополнително ја потврдуваат тезата дека тајната на долговечноста не лежи во еден фактор, туку во комбинација од здрави животни навики, поволна средина и позитивни психолошки карактеристики.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Браво за младите од Тетово: Создадоа апликација со вештачка интелигенција која ќе ги олесни маките по шалтерите

18.11.2026

Охридското Езеро крие населба стара 6.500 години: Под водата откриени повеќе од 6.000 дрвени столбови

18.11.2026

Случајна средба за Стрелците, разговор за повеќе пари кај Лавовите: Хороскоп за 18 ноември

18.11.2026

Македонското езеро Козјак заврши на шампон во Шведска

17.11.2026

„Голф 5“ со само 167 километри: По 21 година во гаража доби нов сопственик

17.11.2026

Пред 85.000 години во Македонија живееле неандерталци: Откриени над 6.000 камени орудија и артефакти

17.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

struja

Делови од Волково и Катланово денес без струја

6 месеци ago

Примиле пари од Германија, а не ги пријавиле – Кривични пријави против мајка и син

3 недели ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ле Пен ветува пензионирање на 60 години: Најави и нов пензиски фонд од 900 милијарди евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај за рампите на патарините во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.