понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Неверојатна кражба: 350 лежалки исчезнаа од базен во Италија, по две години пронајдени на плажа во Албанија

by admin
19.07.2026
in Магазин
Неверојатна кражба: 350 лежалки исчезнаа од базен во Италија, по две години пронајдени на плажа во Албанија

Неверојатен случај на кражба повторно го привлече вниманието на јавноста во Италија, откако 350 лежалки украдени од рекреативен клуб во Реџо Емилија беа пронајдени на плажа во Албанија. Иако сега е познато каде се наоѓаат, нивното враќање засега изгледа речиси невозможно.

Станува збор за лежалки кои во јуни 2024 година исчезнале преку ноќ од рекреативниот клуб „Онде Кјаре“ (Onde Chiare) во Реџо Емилија. Вкупната вредност на украдената опрема се проценува на околу 45.000 евра, а и покрај истрагата, со месеци немало никаква трага што се случило со нив.

Пресвртот дошол сосема случајно во август 2025 година, кога италијанска туристка, престојувајќи на плажата Кејп Родони во близина на Драч, ги забележала лежалките и ги препознала по натписот на клубот. Таа веднаш ги известила сопствениците, со што конечно била решена мистеријата за нивното исчезнување.

Случајот повторно стана актуелен деновиве, откако клубот на својата официјална Фејсбук страница објави видео со лежалките и на шеговит начин им се обрати на своите следбеници.

„Ако некој оди на одмор во Кејп Родони, поздравете ги нашите лежалки“, напишаа од клубот.

Сопственикот на клубот, Енрико Кавацони, вели дека и покрај тоа што точно знаат каде се наоѓа украдената опрема, по две години сè уште немаат начин да ја вратат.

„Знаеме каде се лежалките, но и по две години сè уште не можеме да најдеме начин да ги вратиме“, изјавил Кавацони.

Необичната приказна предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина со неверување коментираат како стотици лежалки можеле да бидат пренесени од Италија до Албанија без никој да го забележи тоа.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Дневен хороскоп: Парична можност за еден знак, љубовно изненадување за друг – што ви носи недела?

Дневен хороскоп: Парична можност за еден знак, љубовно изненадување за друг – што ви носи недела?

22.11.2026

Рерната ќе блесне без напорно триење: Потребна ви е само една таблета што веќе ја имате дома

21.11.2026

Наташа покажа како се живее во еден од најсуровите градови во светот: Снег 244 дена, температури до минус 56 степени

21.11.2026

Пиете кафе секој ден? Научниците открија интересна поврзаност со работата на цревата

21.11.2026

Заборавено парче мебел повторно станува хит: Некогаш го имаше во речиси секој дом

21.11.2026

ВИДЕО: Пентагон објави нови снимки од НЛО над Блискиот Исток – мистериозните објекти сè уште не се идентификувани

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ќе донесе ли октомври зимски температури? Попоски со неофицијална метеоанализа

1 месец ago

Тоневски: „Генералка викенд 2026“ е повик за заедничка грижа за животната средина

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја дел од Аеродром и Катланово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја во делови од Тетово и Голема Речица: Прекини до пет часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фајненшл тајмс: Вучиќ лично вршел притисок да се тргнат пречките за хотелот на Трамп во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.