среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Отворен конкурсот за студентските домови: На располагање 3.498 легла, еве колку ќе чини сместувањето

by admin
19.07.2026
in Македонија, Скопје
Отворен конкурсот за студентските домови: На располагање 3.498 легла, еве колку ќе чини сместувањето

Министерството за образование и наука (МОН) го распиша конкурсот за прием на студенти во државните и приватните студентски домови за академската 2026/2027 година. На располагање се вкупно 3.498 легла, а висината на партиципацијата ќе зависи од категоријата на студентскиот дом.

Според конкурсот, 699 легла се резервирани за идните бруцоши, односно студентите кои првпат ќе се запишат на факултет, додека преостанатите 2.799 места се наменети за студентите од втора до шеста година на студии, како и за апсолвентите.

Најголем сместувачки капацитет и годинава има студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје со 1.216 легла, додека во целосно реконструираниот дел од домот „Стив Наумов“ се обезбедени 1.014 места.

„Стив Наумов“ е категоризиран како студентски дом од Тип 1, односно реконструиран и енергетски ефикасен објект со повисок стандард на сместување. Вкупната цена за сместување и исхрана изнесува 11.000 денари месечно, при што Министерството ќе субвенционира 4.400 денари, а студентите ќе плаќаат 6.600 денари.

За домовите од Тип 2 е утврдена вкупна цена од 6.820 денари месечно. Во овој случај, Министерството ќе покрива 3.410 денари, а ист износ ќе доплаќа и студентот. Иста државна субвенција од 3.410 денари е предвидена и за студентите кои ќе бидат сместени во приватните студентски домови со кои МОН има склучено договор.

Покрај домовите „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“ во Скопје, конкурсот ги опфаќа и студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола, студентскиот дом во Тетово, како и приватните студентски домови „Хилјадников“ и „Логос“ во Штип.

Поради реконструкцијата на студентскиот дом „Никола Карев“, студентите во Охрид ќе бидат сместувани во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи, додека студентите кои претходно престојуваа во домот „Браќа Миладиновци“ во Штип ќе бидат сместени во поранешниот приватен студентски дом „ОАЗА“.

Студентите од втора и повисоките години ќе можат електронски да ги поднесуваат своите апликации најдоцна до 31 јули, додека рокот за пријавување на бруцошите е од 14 до 20 септември.

Од Министерството потсетуваат дека секој студент има право да конкурира само за еден студентски дом, а нецелосните и некомплетни апликации нема да бидат земени предвид при рангирањето.

Согласно конкурсот, 40 проценти од вкупниот број легла се резервирани за студенти од семејства со пониски приходи и други ранливи категории, 25 проценти се наменети за студенти со особено висок успех, додека преостанатите 35 проценти ќе бидат распределени на останатите редовни студенти кои ги исполнуваат условите од конкурсот.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Утре без струја делови од три скопски општини: Прекини до шест часа

03.11.2026

Мицкоски: „Гересхајмер“ со нова инвестиција, нови капацитети и над 1.000 нови работни места

03.11.2026
Приходите растат, добивките се разидуваат: што покажуваат деветмесечните биланси на големите компании

Приходите растат, добивките се разидуваат: што покажуваат деветмесечните биланси на големите компании

03.11.2026

Над 94% од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување на паметни броила

03.11.2026

Итно слетување во Скопје – Му се слошило на копилотот

03.11.2026

Мицкоски: Го прошируваме партнерството со Германија во економијата, образованието и здравството

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Чавков бара нова, фер и непристрасна постапка за случајот „27 април“

Чавков бара нова, фер и непристрасна постапка за случајот „27 април“

6 месеци ago

Кандидатката за државен Јавен обвинител најавува отворање на „Бонусите на СЈО“

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Руските војници без плата? Се разгледува одложување на декемвриската исплата за оние надвор од фронтот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полетале за Москва, па морале назад: Што се случило во авионот на „Ер Србија“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема акција на полицијата: Разбиена мрежа за инвестициски измами

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Ја чуваме историјата на Битола за генерациите што доаѓаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бришачите оставаат траги на стаклото? Пред да купите нови, проверете една работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.