вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Истрага за загадената вода во Гостивар: Обвинителството бара притвор за тројца раководители на „Комуналец“

by Redakcija
21.07.2026
in Црна Хроника

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага против директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ и двајца раководители на сектори, за кои е побаран 30-дневен притвор поради сомнение за тешки дела против животната средина и природата.

Според Обвинителството, тројцата осомничени се товарат дека дале налог за поставување пумпи со кои непречистена вода од надворешен канал била внесувана во системот за водоснабдување, со цел да се зголеми притисокот во мрежата за Гостивар и околните населени места.

Како што беше соопштено на прес-конференција, анализите на Институтот за јавно здравје покажале присуство на колиформни и фекални бактерии во примероците од каналот и преливната станица. Во внатрешноста на каптажата биле пронајдени 39 колиформни бактерии, иако дозволената вредност според стандардите е нула.

Од Обвинителството информираа дека водата кај крајните корисници не покажала присуство на бактерии, но било регистрирано зголемено ниво на хлор над дозволените граници.

За делото за кое се товарат осомничените е предвидена затворска казна од најмалку четири години. Истражната постапка е во почетна фаза, а допрва ќе се утврдува евентуалната причинско-последична врска меѓу состојбата со водата и заболувањата кај граѓаните.

Од Обвинителството посочија дека доколку се обезбедат дополнителни докази, истрагата може да биде проширена и кон други лица или институции кои имале надлежности поврзани со контролата и безбедноста на водоснабдувањето.

Постапката започнала по анонимна пријава доставена до полицијата, а надлежните институции продолжуваат со проверки за целосно расчистување на случајот.

….

Related Posts

ВИДЕО – Пушки, снајпер, пиштоли и знаме на ИСИС пронајдени во Скопје: Тројца пријавени за тероризам

29.09.2026

Војниците „уапсија“ четворица Полјаци кои со четирицикли упаднале кај воените магацини во Еребино

29.09.2026

Поранешна партнерка му дошла дома и го нападнала – 36-годишен скопјанец пријавил физички напад

29.09.2026

Швеѓанка повредена при слетување со параглајдер, кривична за инструкторот

28.09.2026

СЕРИЈА НАПАДИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Тетовец ја претепал сестра му, кумановец нападнал малолетничка, прилепчанец ја тепал сопругата

28.09.2026

Апсење во Скопје и Велес – 8 лица паднаа во раце на полицијата

28.09.2026

Препорачани Вести

„ФизиоС Плус“ – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

2 месеци ago

Пресудата против Лиридона Вејсели го ограничува правото на јавноста да биде информирана, укажува ААВМУ

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Путин оди до крај: Бројките од Кремљ откриваат што следува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Пушки, снајпер, пиштоли и знаме на ИСИС пронајдени во Скопје: Тројца пријавени за тероризам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави нова кадровска ротација: Следуваат промени кај заменици-министри и директори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 декември нови правила за боледувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Динитриеска-Кочоска: Со поддршка од САД ги унапредуваме даночниот и царинскиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.