понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонската земја крие богатства: Шест римски вили откриени при изградбата на гасоводот во Гевгелија

by Redakcija
21.07.2026
in Македонија, Топ Вести

Во текот на археолошките истражувања што се спроведуваат долж трасата на интерконективниот гасовод Македонија – Грција, археолозите открија остатоци од шест римски и доцноантички вили во регионот на Гевгелија.

Откритијата се регистрирани на јужниот дел од трасата, од граничниот премин со Грција до 38-от километар, каде што пред почетокот на градежните работи беше извршена задолжителна археолошка проверка на теренот.

Истражувањата ги реализираше стручен тим од НУ Завод и Музеј – Струмица, во соработка со Музејот во Гевгелија. Според археолозите, пронајдените објекти најверојатно биле луксузни вили што им припаѓале на побогати жители од римскиот период. Покрај архитектонските остатоци, откриен е и богат археолошки материјал, кој ќе биде предмет на конзервација и дополнителни научни анализи.

Наодите од локалитетите во близина на Бистерна, Коњари и Врла Страна сведочат дека овој дел од Македонија во антиката бил густо населен и имал развиени земјоделски имоти, населби и резиденцијални комплекси.

Иако станува збор за значајни археолошки откритија, тие нема да ја попречат изградбата на гасоводот, бидејќи се наоѓаат надвор од директната траса. Градежните активности ќе продолжат, но под постојан археолошки надзор.

Интерконективниот гасовод Македонија – Грција, со должина од 66,7 километри на македонска територија, треба да обезбеди нова и посигурна рута за снабдување со природен гас преку грчкиот гасен систем.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

22.11.2026
Мицкоски најави поевтини станови за млади брачни парови и повисок студентски оброк

Мицкоски најави поевтини станови за млади брачни парови и повисок студентски оброк

22.11.2026
Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

22.11.2026
(ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

(ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

22.11.2026
Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

22.11.2026
Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Како да не се изгубите меѓу чашите или мал водич за дегустација на Виноскоп

7 месеци ago

Борче Димитровски за muzika24: Битола – културно искуство што се живее 365 дена во годината

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја дел од Аеродром и Катланово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја во делови од Тетово и Голема Речица: Прекини до пет часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фајненшл тајмс: Вучиќ лично вршел притисок да се тргнат пречките за хотелот на Трамп во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.