четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Бизнисмен го оштетил буџетот за 8 милиони денари

by Redakcija
23.07.2026
in Црна Хроника

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Првопријавениот С.З., во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен субјект, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, го сторил кривичното дело „Даночно затајување“ на начин што, набавената трговска стока, евидентирана како залиха кај второпријавениот правен субјект заклучно со 31.12.2025 година, во вкупна вредност од 26.085.138 денари, неосновано ја присвоил за себе. Притоа не пресметал, не пријавил и не платил данок на додадена вредност (ДДВ) по даночна стапка од 18% во износ од 4.231.907 денари и ДДВ по даночна стапка од 5% во износ од 128.727 денари, како и не пресметал, не пријавил и не платил данок на личен доход по даночна стапка од 11,11% во износ од 2.898.059 денари.

Дополнително, првопријавениот С.З. не ги признал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 8.120.980 денари, прикажани во бруто-билансот за 2025 година, иако истите, согласно член 363 од Законот за облигационите односи, застаруваат во рок од три години, а за нив не биле поведени судски постапки за наплата. И покрај тоа што бил должен да поднесе даночен биланс за 2025 година и да ја искаже даночната обврска, првопријавениот воопшто не поднел даночен биланс, ниту пресметал, пријавил и платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 812.098 денари.

Со наведените дејствија, пријавените не ги пресметале, не ги пријавиле и не ги уплатиле законски утврдените даночни обврски, со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 8.070.791 денари.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

04.11.2026

Агресивно се однесувал во локал во тетовски трговски центар, завршил во полициска станица

04.11.2026

МВР со детали за трагедијата во Богданци

04.11.2026
Трагедија во Гази Баба: Почина 24-годишно момче, обвинител нареди обдукција

Девојката пронајдена мртва во Богданци претходно го пријавила момчето за насилство

04.11.2026

Трагедија кај Богданци: Пронајдени две тела, едното во опожарен автомобил

04.11.2026

Голема акција на полицијата: Разбиена мрежа за инвестициски измами

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ловоровиот лист не служи само за во кујна: Еве како може да ви помогне во домот

4 месеци ago

Кој би можел да стане нов премиер на Србија?

1 недела ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Да ги чуваме вредностите на слободата и да градиме подобро утре – доделени наградите „4 Ноември“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.