понеделник, октомври 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот обезбедува повеќе средства за капитални инвестиции, земјоделство, социјална заштита и општините

by Redakcija
27.07.2026
in Економија, Топ Вести

27 јули 2026 година, Скопје– Со дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Предложените измени се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, при образложувањето на дополнетиот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година пред пратениците во Собранието.

Министерката посочи дека дополнетиот Предлог ги содржи измените предложени од Владата, како и амандманите што беа прифатени во текот на расправата во матичната собраниска комисија, со што дополнително се зајакнува поддршката за граѓаните и развојните политики.
“Дополнетиот Предлог за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година е навремено и одговорно усогласување на буџетските проекции со новите економски околности  како како и за обезбедување средства за исполнување на законските обврски кои во меѓувреме се случија и реализација на развојните приоритети. Со овие измени обезбедуваме средства за исплата на зголемените плати во секторите каде што е предвиден раст, дополнителна поддршка за земјоделството, повеќе средства за социјална заштита и за општините. Она што особено го издвојува овој ребаланс е обезбедувањето дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус и реализацијата на инфраструктурните проекти“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека и покрај продолжената глобална економска неизвесност предизвикана од геополитичките случувања, македонската економија покажува отпорност и стабилност.

За 2026 година е проектиран реален раст на бруто-домашниот производ од 3,5 проценти, при што главен двигател на економската активност ќе бидат инвестициите, поддржани од реализацијата на големите инфраструктурни проекти и капиталните вложувања на централно и локално ниво. Се очекува раст на инвестициите од 7,2 проценти, раст на просечната нето-плата од 8,3 проценти, натамошно намалување на невработеноста на 11 проценти и зголемување на стапката на вработеност на 47 проценти. Проектираната просечна инфлација за 2026 година изнесува 4,5 проценти и во најголем дел е условена од надворешните ценовни притисоци и геополитичките случувања.

Посебно беше истакната реализацијата на капиталните расходи, кои во периодот јануари – јуни достигнаа 19,4 милијарди денари, што е за 53,5 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Осврнувајќи се на фискалните проекции, Димитриеска-Кочоска посочи дека со ребалансот вкупните приходи се ревидираат на 379,5 милијарди денари, што претставува зголемување од 1,2 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Даночните приходи остануваат речиси на првично планираното ниво и се проектирани на 213,2 милијарди денари, додека повисока реализација се очекува кај неданочните приходи и донациите. Намалувањето кај приходите од акцизи и делумно кај ДДВ е резултат на владините мерки за намалување на акцизите на нафтените деривати, со цел ублажување на ценовниот шок врз граѓаните и стопанството.

На расходната страна, средствата се ревидираат на 425,8 милијарди денари и се насочуваат кон јасно утврдени приоритети – обезбедување средства за законските обврски, растот на платите, земјоделството, социјалната заштита, поддршката на општините и капиталните инвестиции. Истовремено, расходите за стоки и услуги се намалуваат за околу 800 милиони денари преку реалокација на средства, со што се задржува определбата за рационално и дисциплинирано управување со јавните финансии.

Истовремено, преку прифатените амандмани се обезбедени средства за поддршка на жените кои вршат земјоделска дејност, за воспоставување национална СОС линија за жртви на семејно и родово базирано насилство, како и за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на насилство.

Дополнително, со дополнетиот Предлог за ребаланс се обезбедени средства за реализација на повеќе приоритетни активности и проекти. Предвидени се 6 милиони денари за транспорт на вода за населението во Општина Гостивар поради прогласената епидемија, 1 милион денари за Управата за извршување на санкции, 10 милиони денари за реконструкција на факултети преку Министерството за образование и наука, како и 12 милиони денари за Јавното обвинителство за продолжување на лиценцата за набавка на софтвер.
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство обезбедени се дополнителни 170 милиони денари за изградба на дистрибутивни центри во Скопје и Струмица, како и за реновирање и адаптација на зградата на ИПАРД. Истовремено, извршени се и реалокации на средства во рамки на буџетските корисници и сопствените сметки, кои немаат фискален ефект, а се во функција на поефикасна реализација на утврдените приоритети и проектите
Капиталните расходи се зголемуваат на околу 46 милијарди денари, што е за 5,8 милијарди денари повеќе од иницијалниот Буџет и претставува најсилна потврда дека Владата и со овој ребаланс останува фокусирана на инвестиции кои ќе го поттикнат економскиот раст и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Средствата се наменети за реализација на инфраструктурни проекти од национално и локално значење, меѓу кои изградбата на Коридорите 8 и 10-д, железничката инфраструктура, комуналните и енергетските проекти, водоснабдувањето, управувањето со отпад, образованието, здравството, земјоделството и инвестициите во општините.

“Овој ребаланс не е промена на правецот, туку потврда на нашата определба навремено да ги приспособуваме политиките на реалните економски услови, без да се откажеме од развојните цели. Продолжуваме да инвестираме таму каде што се создава нова вредност, да ги поддржуваме граѓаните и економијата и да градиме економија што е поотпорна, поконкурентна и подготвена за идниот раст“, порача министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа ги повика пратениците да го поддржат дополнетиот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, истакнувајќи дека со неговото усвојување ќе се обезбедат средства за непречено исполнување на законските обврски, продолжување на инвестициите и зачувување на макроекономската стабилност, како основа за натамошен економски раст и подобар животен стандард на граѓаните.

Согласно Деловникот, собраниската дебата по предложниот ребаланс на Буџетот за 2025 година предвидено е да треа до 5 дена.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата

11.10.2026

Жестока дебата помеѓу Илија Димовски и Андреј Ковачев на ФБ: Димовски побара признавање на Македонците во Бугарија

11.10.2026

Коњановски: 11 Октомври е симбол на отпорот и борбата за слобода на македонскиот народ

11.10.2026

Божиновска: Поврзувањето со Грција и Србија отвора можност Македонија да стане транзитна земја за гас

11.10.2026

„и Здравје и Работа“: Минералниот потенцијал на Македонија не смее да биде заложник на политичките интереси

11.10.2026
Потрошувачка кошничка – две различни методологии: Колку пари му се потребни на четиричлено семејство за да помине еден месец?

Потрошувачка кошничка – две различни методологии: Колку пари му се потребни на четиричлено семејство за да помине еден месец?

11.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Засилено американско воено присуство во Израел: Борбени авиони стационирани на југот од земјата

Борбени авиони на НАТО соборија дрон, тревога во источна Латвија

2 месеци ago

Свечен настан: Алумни-асоцијацијата на Иванов Школата за лидери одбележа 15 години постоење

6 месеци ago

Популарни Вести

  • „Фајненшл тајмс“: Постојат руски планови за атентати врз директори на компании што ја снабдуваат Украина

    „Фајненшл тајмс“: Постојат руски планови за атентати врз директори на компании што ја снабдуваат Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трагедија во Турција: 11 загинати и 27 повредени откако автобус се судри со камион и се преврте

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО | Борци од Леринско во ослободено Скопје: Фотографија потсетува на Првата егејска бригада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Остра порака од Трамп до Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски му одговори на Трамп: Дајте ни 60 дена целосно примирје и ќе организираме избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.