среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Полициска акција на Охридското Езеро – Спасени две девојки

by Redakcija
29.07.2026
in Македонија

Policija

Две млади охриѓанки беа спасени од полициски службеници откако силен ветер и големи бранови ги оддалечиле од брегот на Охридското Езеро додека пловеле со СУП даски.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро. Според пријавата, две лица кои се наоѓале на околу 1.000 метри од брегот, спроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош.

Веднаш по добиената информација, полициски службеници од Езерската полиција се упатиле кон местото. По преземената потрага, девојките биле пронајдени на околу 2.000 метри оддалеченост од брегот, како се обидуваат да го одржат пловењето и да привлечат внимание.

Полициските службеници успешно интервенирале и ги префрлиле на полициски чамци. При проверките било утврдено дека станува збор за Е.С. (19) и И.А. (18), двете од Охрид.

Девојките објасниле дека поради наглото влошување на временските услови, силниот ветер и високите бранови, биле однесени подалеку од брегот и не можеле самостојно да се вратат.

Тие биле безбедно пренесени во просториите на Езерската полиција.

СВР Охрид и Езерската полиција упатуваат апел до граѓаните и туристите кои користат СУП даски, педалинки и други рекреативни средства на вода да не се оддалечуваат од безбедносните зони и да ги следат препораките, особено при неповолни временски услови.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВЛЕН: Остануваме посветени на исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните

10.11.2026

„Безбеден град“ со нови контроли: Казни ќе добиваат и возачите кои го прават овој прекршок

10.11.2026

Зимската опрема станува задолжителна: Еве од кога возачите ризикуваат казна од 45 евра

10.11.2026

Трамп предложи нова амбасадорка на САД во Македонија

10.11.2026

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Денес стартува Премиер лигата, Арсенал повторно главен фаворит

Денес стартува Премиер лигата, Арсенал повторно главен фаворит

3 месеци ago

Криза во турските инвестициски фондови: Ердоган најави жестока акција

1 месец ago

Популарни Вести

  • ВЛЕН: Остануваме посветени на исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Безбеден град“ со нови контроли: Казни ќе добиваат и возачите кои го прават овој прекршок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимската опрема станува задолжителна: Еве од кога возачите ризикуваат казна од 45 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Многу возачи не знаат како најлесно да се ослободат од замаглените стакла во автомобилот: Притиснете само едно копче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавете на класичните олуци: Јапонците смислиле необично решение за дождовницата кое станува сè попопуларно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.