недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Финсиската полиција во акција – Паднаа бизнисмени

by Redakcija
30.07.2026
in Црна Хроника

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Според соопштението, првопријавениот Н.О., државјанин на Турција и реален сопственик и управител на правното лице, во периодот од 2016 до 2021 година, со однапред утврдена намера да ја присвои трговската стока и да избегне плаќање даночни обврски, ја променил сопственичката и управувачката структура на компанијата. Како нов сопственик и управител бил запишан второпријавениот Е.М.

Финансиската полиција наведува дека за деловните години 2022, 2023, 2024 и 2025 не биле изготвени и поднесени завршни сметки, поради што трговска стока во вредност од 32.054.759 денари, која била евидентирана како залиха, била неосновано присвоена.

Воедно, според пријавата, не бил пресметан, пријавен и уплатен данок на додадена вредност (ДДВ) во износ од 5.769.856 денари, а не бил платен ниту данок на личен доход во износ од 3.561.283 денари.

Дополнително, осомничените не ги отпишале ниту ги евидентирале како приходи застарените краткорочни обврски кон добавувачи постари од три години, во вкупен износ од 32.847.325 денари. Со тоа, како што наведува Финансиската полиција, не бил пресметан и уплатен данок на добивка од 3.284.732 денари.

Со ваквите дејствија, според Управата за финансиска полиција, пријавените не пресметале, не пријавиле и не уплатиле законски утврдени даночни обврски во вкупен износ од 12.615.871 денари, со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија.

Случајот е доставен до Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе постапува понатаму по поднесената кривична пријава.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Возач не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец во Тетово

07.11.2026
Човечко тело пронајдено во канал во Бардовци, предадено на обдукција

Пукано кон „БМВ“ во движење? Полицијата го испитува инцидентот на патот кон Врапчиште

07.11.2026

Жителка од Тетовско лишена од слобода откако, викала и ги омаловажувала полицајците

07.11.2026

Фиктивни кредити на име на штедачи: Обвинителството води постапка против раководителка на штедилница

07.11.2026

Ја носел мајка си да питачи, ја надгледувал и ѝ ги одземал парите

06.11.2026

Стан во Тетово запишан со преправен договор, МВР поднесе кривична пријава против две лица

06.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

К-15 мора да се исплати до крајот на декември: Ова е минималниот износ за 2026 година

1 месец ago

(ВИДЕО) Историско ракување – Што значеше средбата на опозициската лидерка на Тајван Ченг Ли‑Вун на средба со претседателот на Кина Си Џинпинг во Пекинг

7 месеци ago

Популарни Вести

  • РУДАРСТВО.мк: Брисел прогласи осум нови проекти за ископување на руда за стратешки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошутиќ: Очекувам Обвинителството да ги разгледа ревизорските наоди за ЖРСМ Транспорт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пукање на главниот плоштад во Краков: Петмина загинати, најмалку 12 повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Франција може да стане последната пречка за влез на нови членки во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возач не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.