четврток, октомври 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Удар врз нарко-мрежите низ Македонија: Запленети марихуана, кокаин, амфетамини и екстази

by Redakcija
30.07.2026
in Црна Хроника

За еден месец Task Force за дрога: запленети над 43 кг марихуана, приведени 241 лице, пресечен меѓународен транспорт и лишено од слобода лице по меѓународна потерница

Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи бележи значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Засилената координација, побрзата размена на информации и заедничкото дејствување на организациските единици овозможија поефикасно откривање и сузбивање на криминалните структури кои се занимаваат со недозволена трговија со дрога.

Во изминатиот месец беа реализирани повеќе координирани акции низ целата држава, насочени кон откривање на дилерски мрежи, прекинување на каналите за снабдување и спречување на понатамошна дистрибуција на наркотични дроги. Меѓу позначајните акции е пресечениот меѓународен транспорт на околу 25 килограми марихуана на Граничен премин „Деве Баир“.

Како резултат на преземените мерки и активности, запленети се 43,3 килограми марихуана, 693,37 грама кокаин, 141,42 грама хашиш, 691,34 грама амфетамин, 50 грама халуциногени печурки, 541 таблета екстази, 69 ЛСД таблети, 14 таблети МДМА, како и 116 паковки со растителна, прашкаста и грутчеста материја, за кои се вршат соодветни вештачења.

Во истиот период поднесена е 21 кривична пријава против 29 лица, извршен е 131 претрес на домови и други простории, реализирани се 935 прегледи на возила и 1.078 прегледи на лица, а 241 лице се приведени или лишени од слобода по различни основи поврзани со недозволената трговија со дрога.

Особено значајни се резултатите постигнати на подрачјето на СВР Скопје, каде при извршените претреси, покрај наркотичните дроги, се пронајдени и одземени 2.900 евра, 100 швајцарски франци, 58.000 денари во различни апоени, два пиштоли и шест дигитални ваги. Овие предмети упатуваат на организирано вршење на кривичните дела и претставуваат значајни материјални докази во натамошните кривични постапки.

Во рамките на активностите на Работниот тим успешно е реализирана и потрагата по 41-годишно лице од Кочани по кое беше распишана меѓународна потерница. Лицето претходно избега од полициска станица, каде беше лишено од слобода поради основано сомнение за недозволена трговија со дрога, а неговото пронаоѓање и повторно лишување од слобода претставува уште една потврда за ефикасното постапување на полициските служби и доследното спроведување на законската одговорност.

Министерството за внатрешни работи останува цврсто определено во бескомпромисната борба против недозволената трговија со дрога. Во наредниот период активностите на Работниот тим ќе продолжат со уште поголем интензитет, преку засилени контроли, координирани акции, финансиски истраги и меѓународна полициска соработка.

НАПОМЕНА: Фотографијата е генеритана со AI

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње

07.10.2026

Приведен виш обвинител од Битола: При претресот му се одземени шест телефони, УСБ и компјутер

07.10.2026

Ауди излетало од патот Тетово–Гостивар: Четворица повредени

07.10.2026

Виш обвинител под истрага: Се сомничи дека ургирал за пониски казни во најмалку четири предмети

07.10.2026

Претрес во Гостивар: Пронајдени автоматска пушка и 127 куршуми

07.10.2026

Аванс од 3.000 евра исчезнал – Нов случај на измама во Тетово

07.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

8 месеци ago

Кина му се закани на САД

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Василевска: Бугарија мора да ги почитува пресудите од Стразбур

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Македонија и Австрија ја продлабочуваат соработката во енергетиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хари Потер се враќа со нови приказни: Две книги пристигнуваат во февруари 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 4 локации во Скопје без струја во четврток – проверете дали сте на списокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во четврток без струја голем дел од Тетово и Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.