среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Државниот архив објави ретки фотографии и документи по повод 123 години од Илинденското востание

by admin
02.08.2026
in Македонија
Државниот архив објави ретки фотографии и документи по повод 123 години од Илинденското востание

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, Државниот архив објави избор на историски фотографии и архивски документи од своите фондови и збирки, кои сведочат за борбата, идеалите и жртвата на илинденците.

Објавените материјали претставуваат вредно историско сведоштво за еден од најзначајните настани во македонската историја – Илинденското востание од 1903 година, како и за стремежот на македонскиот народ кон слобода и сопствена држава.

„На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен белег во колективната меморија на нашиот народ. Крушевската Република остана најсилен симбол на стремежот кон слобода, еднаквост и праведно општество. Нека е честит Илинден! Вечна слава на хероите на Илинденското востание!“, порачаа од Државниот архив.

Меѓу објавените архивски материјали се наоѓаат фотографии од Крушево, оригинални документи поврзани со Илинденското востание, како и фотографии од македонските револуционери кои учествувале во борбата против Османлиската Империја.

Од Државниот архив истакнуваат дека со оваа објава сакаат да придонесат за зачувување на историската меморија и да ја доближат богатата архивска граѓа до јавноста, особено до помладите генерации.

Годинава се одбележуваат 123 години од Илинденското востание – историски настан кој, заедно со Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, претставува еден од темелите на современата македонска државност.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Кој ќе добие постојано работно место? Нов предлог за ангажираните во државните институции

27.10.2026

Мицкоски: Целта е јасна – да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот

27.10.2026

Николоски: Извозот е прв приоритет за домашната економија

27.10.2026

Каде се може да патувате со македонски пасош?

27.10.2026

Промени во сообраќајот кон Охрид: Работи на делницата до клучката Арбиново

27.10.2026

Преку официјалната веб-страница loto.mk, Државна лотарија ја нуди можноста за онлајн играње на најпопуларните игри на среќа – Лото 7 и Џокер

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Суспензија на старите царини во САД, нова глобална тарифа стапува на сила

САД би можеле да ја суспендираат Шпанија од НАТО: Откриено во мејл од Пентагон

6 месеци ago

Акција на полицијата во Охрид: Приведен Турчин осомничен за проституција

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Дали жртвите биле нападнати поради пари? Се истражуваат случаите во Ѓорче Петров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најмалку 10 загинати, многумина повредени: Тешка несреќа на брзата железница во Шпанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Контрола во фирма за канабис открила нешто што не можело да се покрие со документи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Свети Еразмо Охридски има олтар во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп, Путин и Си на иста маса? Се разгледува средба во Кина, Украина меѓу можните теми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.