вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ВИДЕО – Со години тврдел дека мајка му е во Лондон, а нејзиното тело го чувал во фрижидер за да ја зема пензијата

by admin
03.08.2026
in Uncategorized, Свет, Црна Хроника
ВИДЕО – Со години тврдел дека мајка му е во Лондон, а нејзиното тело го чувал во фрижидер за да ја зема пензијата

Шеесетгодишниот Британец Кристофер Филипс е осуден на две години и четири месеци затвор откако со години го криел телото на својата мајка во фрижидер, додека во меѓувреме продолжувал да ја прима нејзината пензија и да располага со нејзините финансии.

Според британските медиуми, телото на неговата мајка, пензионирана секретарка, било скриено во фрижидер поставен во дневната соба на нивниот заеднички дом речиси три години. Во тој период Филипс незаконски примил повеќе од 78.000 британски фунти преку нејзината пензија и други финансиски средства.

Истражителите утврдиле дека врз фрижидерот редовно поставувал свежо цвеќе, што подоцна станало еден од деталите што го насочиле вниманието на полицијата.

Кога полицајците дошле да проверат каде се наоѓа неговата мајка, Филипс им рекол дека престојува кај роднини во Лондон. Сепак, станал сомнителен бидејќи не можел да објасни кај кои роднини престојува, ниту да даде адреса или други информации.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

По извршената проверка, полицијата го пронашла телото во фрижидерот во дневната соба.

Според истрагата, Филипс, кој порано бил директор на компанија, имал пристап до банкарската сметка на својата мајка, подигнувал пари од нејзината заштеда и ги користел нејзините финансиски бенефиции.

Мајката и синот живееле заедно околу 50 години, а од 2008 година тој бил нејзин официјален старател.

Пред судот, Филипс ја признал вината по обвинението за спречување достоинствен и законски погреб, како и по две точки од обвинението за измама.

За сторените дела му е изречена затворска казна од две години и четири месеци. Случајот предизвика шок и силни реакции во британската јавност поради начинот на кој со години ја прикривал смртта на својата мајка заради финансиска корист.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

17.11.2026

Новиот американски бомбардер помина важен тест: Првите авиони во Елсворт се очекуваат во 2027 година

16.11.2026

Протече планот на Путин? „Подгответе се за прогласување победа“

16.11.2026

Уапсени лекарка, две медицински сестри и техничар: Се проширува случајот за смртта на пациент во Загреб

16.11.2026

Повторно приведен осомничениот за нападот врз Сара во Охрид: Полицијата испитува нови околности

16.11.2026

Британскиот премиер признава дека Брегзит не успеа: „Изгубивме повеќе отколку што добивме“

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

(ФОТО + ВИДЕО) Првични детали за несреќата во Белград: Повредени возрасни и деца по ударот на трамвај во зграда

6 месеци ago

Пет цистерни со фосфорна киселина излетале од шините на пругата Ниш-Зајечар

11 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.