среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Нови цени на горивата од полноќ: Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

by Redakcija
04.08.2026
in Економија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за корекција на цените на нафтените деривати, според која од полноќ, односно од 00:01 часот на 5 август, бензините ќе бидат поевтини, додека дизелот ќе поскапи.

Според одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за два денари и ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поевтинува за два денари и ќе се продава по 93 денари за литар.

За разлика од бензините, ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за еден денар, па новата цена ќе биде 99,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 0,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар.

Од РКЕ информираат дека мазутот М-1 НС поевтинува за 1,680 денари за килограм, со што неговата максимална цена ќе изнесува 46,419 денари за килограм.

Регулаторната комисија соопшти дека просечните малопродажни цени на нафтените деривати се намалуваат за 1,24 проценти во однос на претходната одлука. Во пресметката е применета намалена акциза од два денари за литар кај бензините и четири денари за литар кај дизелот.

Од Комисијата потсетуваат дека станува збор за максимално дозволени малопродажни цени, а трговците имаат можност горивата да ги продаваат и по пониски цени.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

04.11.2026

Шефот на АББ предупредува: Европа ризикува масовна невработеност, Германија мора да поведе со реформите

04.11.2026

Божиновска: Во Германија отвораме нови можности за инвестиции и посилна економска соработка

04.11.2026

Што се случува со заштедите ако банка ја изгуби дозволата? Еве колку може фондот да обесштети

04.11.2026

Нов раст на светските цени: Ќе поскапат ли горивата во Македонија?

04.11.2026

Народната банка: Граѓаните без картички од 5 ноември ќе можат да подигнат средства во Алта банка во Битола

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Забрана за фотоволтаици на најплодните почви: Нов закон за земјоделско земјиште

Забрана за фотоволтаици на најплодните почви: Нов закон за земјоделско земјиште

6 месеци ago

Трифонов со навредливи пораки до Македонците: „Порано или подоцна ќе бидете асимилирани“

3 недели ago

Популарни Вести

  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Самрак на вековниот симбол на шведската индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.