вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Пет пожари сè уште активни во Македонија, три се под контрола

by Redakcija
12.08.2026
in Република

Девет пожари на отворен простор се регистрирани до 13 часот денеска на територијата на Македонија, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, пет пожари се активни, три се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат.

Активен е пожарот во Општина Македонски Брод, на месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол. Таму гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Огнот е активен и над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде што е зафатена мешана шума.

Пожар е регистриран и во населбата Илинден, каде што гори ниска вегетација, како и во селото Чифлик во Општина Желино, каде што огнот зафатил ниска вегетација и мешана шума.

Активен пожар има и во селото Букри во Општина Битола, каде што гори ниска вегетација.

Три пожари ставени под контрола

Под контрола се ставени пожарот на градската депонија во Делчево и огнот во близина на Ново Село на планината Огражден, каде што се зафатени депонија, деградирана мешана шума и ниска вегетација.

Под контрола е и пожарот во селото Зајас, Општина Кичево, каде што гореле стрниште, борова шума и гуми.

Целосно е изгаснат пожарот во селото Врањовце во Општина Врапчиште, каде што горела ниска вегетација.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата со пожарите на отворен простор низ земјава продолжува внимателно да се следи.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Коњановски: Првите 12 километри од автопатот Прилеп–Битола најавени за 2027 година

17.11.2026

Проданоски: Меѓу младите во Прилеп се идните лидери, наша обврска е да им дадеме можност

17.11.2026

Утре пет часа без струја делови од Боговиње, Мала Речица и Стенче

17.11.2026

Коњановски: Креативноста на младите е важна за подобра Битола

17.11.2026

Општина Прилеп објави втор повик за еднократна парична помош за првачињата – можност за родителите кои не аплицирале на првиот повик

17.11.2026

ЈКП „Водовод“ – Битола: По вчерашните обилни дождови и прекинот на струја, водоснабдувањето е стабилизирано

17.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Проданоски: Прилеп го живее духот на традицијата – 25 години Карневал „Прочка“ и 100 години „Прилепски мечкари“

9 месеци ago

САД подготвуваат распоредување на „Темен орел“ на Блискиот Исток поради ракетните потези на Иран

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонското езеро Козјак заврши на шампон во Шведска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажни банкари им ги празнеле сметките на граѓаните: Откриена меѓународна криминална мрежа со стотици осомничени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Го навредувал Мбапе, доби 11 месеци затвор: Казната нема да се изврши ако две години не оди на стадион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Голф 5“ со само 167 километри: По 21 година во гаража доби нов сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 30 дена притвор за охриѓанецот кој ја претепа девојката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.