-На 13.08.2026 во 16:00 часот во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, В.С.(41) од с.Дебреше пријавила дека на 12.08.2026 нејзиното малолетно дете, управувајќи четирицикл без возачка дозвола, учествувало во сообраќајна незгода со патничко возило на патот Гостивар–с.Градец и напуштило местото, по што таа во полициска станица го донела четирициклот, информираат од СВР Тетово.
По насоки на Јавен обвинител, четирициклот е одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
…












