четврток, октомври 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Рускиот извоз на нафта под удар: Турција го преполови увозот преку Црното Море

by Redakcija
15.08.2026
in Свет

Турција значително го намали увозот на нафта од руските пристаништа во Црното Море, а дополнително намалување на испораките се очекува и во август поради нарушувањата предизвикани од украинските напади со дронови врз руската нафтена инфраструктура.

Според податоците на LSEG и информациите од трговци, Турција во јули од руските пристаништа увезла околу 900.000 тони нафта, што е помалку во споредба со 1,2 милиони тони во јуни.

Особено е намален транспортот преку Црното Море. Во јули во Турција биле испорачани нешто повеќе од 300.000 тони нафта, додека во јуни количината изнесувала околу 600.000 тони.

Намалувањето следува по засилените украински напади врз руската нафтена инфраструктура. Во јули извозот преку терминалот на Каспискиот нафтоводен конзорциум (CPC) бил прекинат околу една недела, додека товарењето на нафта во Новоросијск било нестабилно.

Поради нарушувањата, количината на нафта натоварена преку CPC во јули била за околу 20 отсто помала. Преку овој систем се транспортира значителен дел од казахстанската нафта до руското црноморско крајбрежје.

За август се очекува Турција од руските црноморски пристаништа да увезе само околу 200.000 тони нафта. Двата танкера што засега се очекуваат ќе превезуваат казахстанска KEBCO нафта, додека не се планирани испораки на CPC Blend или руска Urals нафта.

Трговците оценуваат дека Турција се обидува да го диверзифицира снабдувањето и да ги намали последиците од нарушувањата во Црното Море. Во август земјата се очекува да увезува нафта и од Бразил и Гвајана.

Турција претходно ги критикуваше нападите врз танкери поврзани со Русија во близина на нејзините територијални води, предупредувајќи дека тие претставуваат сериозна закана за безбедноста на пловидбата и трговијата во Црното Море.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Операција „Велес“: Украински војници минале над 15 километри под земја за да стигнат зад руските позиции

22.10.2026

Новите правила на ЕУ носат промени за патниците: Што ако ви го откажат летот?

22.10.2026

Руски дизел утре тргнува за САД: Првата пратка ќе изнесува 40.000 тони

21.10.2026

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше „многу глупав руски генерал“

21.10.2026

Без нив Германија тешко ќе функционира: Во овие професии повеќе од половина од работниците се странци

21.10.2026

„Блумберг“: Сериозно предупредување од НАТО до Зеленски

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонските фудбалери се собраа во Скопје, започнуваат подготовките за Лигата на нации

1 месец ago

Има само четири години, а веќе остварило милионски доход: УЈП ги објави податоците за 2025 година

1 ден ago

Популарни Вести

  • Велешаните Тахов и Миров извозеа на велосипед 2.700 км околу Јадран за 27 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четворица го претепале 21-годишен скопјанец кај Бит-пазар по недоразбирање во сообраќајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тротинет удрил 71-годишна жена во Скопје, возачот избегал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Македонец за измама со најновиот iPhone вреден речиси 4.000 евра!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возбудата почнува со гребење: „Титаниум“ нуди автомобили и парични награди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.