среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

За улиците без име во Тетово – предложени 77 имиња поврзани со македонската историја, култура и идентитет

by Redakcija
15.08.2026
in Република

По одржаните две седници на Работната група за именување и преименување на улиците во Тетово, утврдени се вкупно 219 предлози за имиња, од кои 77 се поврзани со македонската историја, култура и идентитет. Станува збор за предлози доставени од граѓани преку јавен оглас.

Меѓу предложените имиња се наоѓаат истакнати личности од македонската историја, култура, уметност и просветителството, но и називи поврзани со значајни историски настани, датуми и географски поими.

На листата се предложени имиња на Блаже Конески, Матеја Матевски, Методија Андонов-Ченто, Никола Карев, Даме Груев, Јане Сандански, Васил Чакаларов, Петар Поп Арсов, Христо Узунов, Крсте Петков Мисирков, Гоце Делчев, Ѓорѓи Сугаре, Ѓорче Петров, Григор Прличев, Горан Стефановски, Петре М. Андреевски и други значајни личности.

Предложени се и имиња на историски личности поврзани со средновековната историја, меѓу кои Александар III Македонски, Филип II Македонски, Цар Самоил, Гаврил Радомир и Јован Владислав.

На листата се најдоа и имиња поврзани со македонските револуционерни и ослободителни движења, како „Илинденско востание“, „Карпошово востание“, „Крушевски манифест“, „Гемиџии“, „Рилскиот конгрес“ и „23 Октомври“.

Особено внимание е посветено и на личности кои оставиле белег во историјата на Тетово. Меѓу предложените се Веселин Пандиловски, Христо Червенелеков, д-р Глигорије Евчески, д-р Ристо Трифуновски-Брезјанин, Ѓиче Бојаџиев – „Берберот“, Блага Алексова, Бранко Гапо, Панче Васоски-Камџик, Јон Исаја, како и повеќе тетовски револуционери и учесници во Илинденското востание.

На листата се наоѓаат и имиња од македонската култура и уметност, меѓу кои Тоше Проески, Лазар Личеноски, Тодор Скаловски, Томче Грнчаровски и други.

Како називи за улици се предложени и „8 Септември“, „Љуботен“ и „Вардар“, како и имиња на светители и просветители – „Св. Кирил Пејчиновиќ“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“.

Работната група предложила и имиња на повеќе локални историски личности од Тетовско, меѓу кои Трајче Цветановски – Бајрактар, Мијаел Младенов, Софре Ѓорѓески, Тодор Тетовчето, Игумен Хаџи Езекил, Блаже Симоновски, Коце Дафинковски, Пано Иљов Чадија, Симо Петров Јовановски и Младен Мишевски.

На листата се и Мирче Ацев – Оровчанецот, Никола Петров Русински, Пандо Кљашев-Пандето, Стефан Мандалов-Манданата и Миле Поп Јорданов.

Предложените имиња се дел од пошироката постапка за именување и преименување на улиците во Тетово. По утврдувањето на предлозите, следуваат натамошните процедури за нивно разгледување и усвојување.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Коњановски: Сметките во „Алта банка“ не ја загрозуваат работата на јавните претпријатија, нема потреба од паника

04.11.2026

Утре без струја повеќе населени места во Тетово и Тетовско: Еве каде и во кои термини

04.11.2026

Проданоски: Со повеќе од 60 настани ја раскажавме „Приказна за градот херој“

04.11.2026

Коњановски: 82 години слободна Битола, вечна почит кон храброста и жртвата на борците

04.11.2026

Општина Битола: Промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“ во чест на Денот на ослободувањето

04.11.2026

Коњановски: Ја чуваме историјата на Битола за генерациите што доаѓаат

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Голем пресврт во „Фолксваген“: можни 100.000 откази и затворање на фабрики во Германија

4 месеци ago

Прекин на водоснабдување во дел од Усје

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебакл на републиканците на изборите. Венс: Вистинската причина за поразот им е очигледна на речиси сите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно се однесувал во локал во тетовски трговски центар, завршил во полициска станица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР со детали за трагедијата во Богданци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Сметките во „Алта банка“ не ја загрозуваат работата на јавните претпријатија, нема потреба од паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.