среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

„И екологија и рударство“: ЕУ поддржува нови проекти, Иловица со фонд од 30 милиони евра за рекултивација

by Redakcija
17.08.2026
in Економија

Европскиот пристап кон критичните минерали покажува дека развојот на рударството и заштитата на природата не мора да бидат спротивставени цели.

Доказ за зголемениот интерес е вториот повик на Европската Унија за финансиска поддршка на рударски проекти, на кој пристигнале 160 апликации. Паралелно со забрзувањето на процедурите за дозволи, ЕУ ги задржува механизмите за научна проценка, мониторинг, финансиски гаранции и задолжителна рекултивација.

Во Македонија, во фокусот е проектот за бакар Иловица–Штука, кој претставува единствена актуелна голема инвестиција во металичен рудник.

Од „Еуромакс Ресоурцес“ наведуваат дека проектот е ревидиран со цел да се намалат влијанијата врз животната средина, а во ниту една фаза од процесот нема да се користат цијанид или сулфурна киселина.

Предвидено е рудникот да функционира 23 години и да произведува повеќе од 16.000 тони бакар годишно. По исцрпувањето на резервите, постројките треба да бидат демонтирани во рок од две години, по што следува рекултивација на земјиштето.

За реализација на мерките за обновување на просторот, компанијата се обврзала да формира фонд од 30 милиони евра, кој ќе се користи за пошумување и обновување на вегетацијата во пасиштата.

Но, инвестициите во рударството кај нас или не се остваруваат или пак се во застој, каков што е случајот сега со „Иловица-Штука“. Од друга страна, Унијата отвора фондовите и доделува средства преку Европската инвестициска банка за нови рудници кои ќе бидат дефинирани како стратешки проекти.

„Големиот број на апликации ја покажува важноста на Директивата за критични суровини, за обезбедување јасност за промоторите на проекти, потенцијалните инвеститори, индустријата и земјите-членки. За индустријата, овие проекти ќе помогнат во диверзификацијата на снабдувањето и изградбата на синџир во согласност со целите на Директивата, обезбедувајќи безбеден пристап до материјали неопходни за стратешките енергетски, дигитални и одбранбени сектори. Ова е камен-темелник на економската безбедност и долгорочната стратешка автономија на Европа“, соопшти Европската Комисија.

Од Комисијата додадоа дека според апликациите, 75 проекти би можеле да го поддржат вредносниот синџир за батерии, 21 се фокусираат на ретки земни елементи за трајни магнети (од витално значење за ветерни турбини и други обновливи извори), додека повеќе проектни апликации се однесуваат на елементи потребни во одбраната. Комисијата примила 95 апликации од земји-членки на ЕУ и 66 од земји вон ЕУ, вклучувајќи 40 апликации од земји со кои Брисел има склучено стратешко партнерство за суровини.

Првата рунда на селекција во 2025-тата година дефинираше 47 стратешки проекти во ЕУ и 13 проекти во партнерски земји. Дел од нив се во Шведска, која е несомнено меѓу земјите со највисоки еколошки перформанси во светот, но во исто време останува водечка земја во рударството во Европската Унија. Најновиот статистички извештај од Шведскиот геолошки завод – SGU покажува дека во 2025 година во земјата работеле 13 металиччни рудници. Шведска најмногу ископува железна руда, бакар, цинк, олово, злато и сребро. На листата е и Финска, која има развиена индустрија за злато, никел, бакар, кобалт, хром и индустриски минерали. Австрија нуди еден од највпечатливите европски примери за „екологија и рударство“. Со примена на современи технологии работи рудникот Митерсил во покраината Салцбург, каде се вади шелитна руда за производство на волфрам. На југот на Шпанија, регионот Андалузија е центар на рударството на метали. Во својот извештај од 2025 година, ОЕЦД наведува дека Андалузија обезбедува 35% од рударското производство на Шпанија, концентрира 30% од вработеноста во шпанскиот рударски сектор, сочинува околу 90% од рударството на метали во земјата и е втор најголем производител на бакар во ЕУ.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Што се случува со заштедите ако банка ја изгуби дозволата? Еве колку може фондот да обесштети

04.11.2026

Нов раст на светските цени: Ќе поскапат ли горивата во Македонија?

04.11.2026

Народната банка: Граѓаните без картички од 5 ноември ќе можат да подигнат средства во Алта банка во Битола

04.11.2026

Алкалоид расте, но не со иста брзина: продажбата повисока за 6,7%, добивката за 3,8%

04.11.2026
Приходите растат, добивките се разидуваат: што покажуваат деветмесечните биланси на големите компании

Приходите растат, добивките се разидуваат: што покажуваат деветмесечните биланси на големите компании

03.11.2026

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ескалација на Блискиот Исток: САД ги проширија ударите врз Иран, Техеран возврати со ракети кон Катар

4 месеци ago
Осум деца убиени во масовно пукање во САД

Осум деца убиени во масовно пукање во САД

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Трагедија во Гази Баба: Почина 24-годишно момче, обвинител нареди обдукција

    Девојката пронајдена мртва во Богданци претходно го пријавила момчето за насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Со повеќе од 60 настани ја раскажавме „Приказна за градот херој“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: 82 години слободна Битола, вечна почит кон храброста и жртвата на борците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија кај Богданци: Пронајдени две тела, едното во опожарен автомобил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“ во чест на Денот на ослободувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.