недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Русија ѝ се заканува на Велика Британија: „Лондон ќе се соочи со последици“

by Redakcija
18.08.2026
in Свет

Москва упати остри закани кон Велика Британија откако се појавија извештаи дека украинските сили за првпат користеле британски беспилотни летала во напади врз цели длабоко на руска територија.

Според „Сандеј тајмс“, Украина користела дронови произведени од две британски компании како дел од засилената кампања за напади врз руски цели на голема оддалеченост.

Руската амбасада во Лондон оцени дека информациите покажуваат оти британската влада „намерно избира ескалација“ на конфликтот и ја обвини Британија дека преку Украина се обидува да ѝ нанесе максимална штета на Русија.

„Постапките на Лондон неизбежно ќе имаат последици за кои тој ќе мора да одговара“, порача руската амбасада.

Од Москва дополнително предупредија дека колку подлабоко Велика Британија биде вклучена во конфликтот и колку поголема поддршка ѝ обезбедува на Украина, толку поголема ќе биде „цената“ што ќе ја плати.

Од британското Министерство за одбрана, пак, порачаа дека Обединетото Кралство „стои рамо до рамо со Украина“ и ќе продолжи да ѝ обезбедува опрема потребна за одбрана од руската инвазија.

„Русија не треба да се сомнева во решителноста на оваа влада да се спротивстави на руската агресија – во Украина, но и против Обединетото Кралство и нашите сојузници“, изјави британскиот портпарол.

Во меѓувреме, Украина ги интензивира нападите со дронови со долг дострел врз руска територија. Цел на нападите се воени објекти, индустриски капацитети, енергетска инфраструктура и логистички центри.

Меѓу погодените објекти се најде и голем логистички центар на рускиот онлајн трговец „Wildberries“ во Московската област, каде што избувна голем пожар.

Според податоците на независниот мониторинг центар ACLED, во јули биле регистрирани трипати повеќе украински напади со дронови на руска територија отколку во јануари.

Зголемената употреба на беспилотни летала со долг дострел ја принудува Русија да ја распоредува противвоздушната одбрана на пошироко подрачје.

Руското Министерство за одбрана во саботата соопшти дека руските сили собориле 598 украински беспилотни летала над 19 руски региони, како и над Црното и Азовското Море и Крим.

Најновите обвинувања дополнително ги зголемуваат тензиите меѓу Москва и Лондон, во услови кога британската воена и политичка поддршка за Украина останува еден од клучните фактори во конфликтот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

22.11.2026
ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

22.11.2026
Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

22.11.2026

Трамп бара мировен договор до јануари: Украина стравува дека ќе мора да отстапи територии на Русија

21.11.2026

Драма во Источна Европа: Илјадници војници добија итно предупредување, а потоа следуваше опасен инцидент – „Не е случајност“

21.11.2026

Естонија ја затвора границата со Русија најмалку шест месеци

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Тензичен и напнат изборен ден во Србија: Регистфирани инциденти, тепачки, сомнежи за нерегуларности и зголемена излезност

8 месеци ago

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се трага по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар: Спасувачките екипи повторно на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синот на Милорад Додик предложен за премиер на Република Српска: Игор Додик ќе ја составува новата влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.