сабота, септември 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Светот се подготвува за недостиг на бакар, Македонија останува со еден рудник и неискористен потенцијал

by Redakcija
19.08.2026
in Економија, Топ Вести

Бакарот повторно се приближува до рекордните цени на светските берзи, додека зголемените ценовни распони укажуваат на сè поголем притисок врз глобалната понуда. На Лондонската берза за метали цената се приближува до 14.500 долари за тон, ниво достигнато во јануари.

Растот на цената отвора можност за земјите кои располагаат со бакар да остварат значителни економски придобивки. Македонија е меѓу нив, но нејзиниот потенцијал сè уште не се користи во целост.

Во моментов функционира само „Бучим-Боров Дол“, со годишно производство од околу 8.000 тони бакар. Проектот „Иловица-Штука“, доколку се реализира, би овозможил производство од до 16.000 тони годишно.

Тоа би значело нови приходи за државата преку концесиските надоместоци, но и дополнителни средства за локалните буџети во југоисточниот дел од земјата.

По неуспешните обиди за реализација на инвестиции во Казандол и Кожуф, „Иловица-Штука“ останува единствениот активен најавен проект за нов рудник за бакар. Проектот, и покрај критиките, има добиено поддршка од експерти и од иницијативата „И здравје и работа“.

„Можеме да имаме и екологија и современо рударство. Прашањето е само дали Македонија ќе има храброст да го следи тој пат и да ги стави своите ресурси во функција на развојот, со највисоки стандарди и строга институционална контрола. Македонија не смее да дозволи стравот и нестручните проценки да ја блокираат иднината“, соопштија од иницијативата.

Инаку, тековната криза во снабдувањето со бакар е поттикната од порастот на увозот на САД, дополнета со очекувања за нови одлуки за тарифи за метали. Залихите на бакар сега се концентрирани во САД, бидејќи трговците се обложуваат дека претседателот Доналд Трамп ќе воведе царини за рафинираниот метал.

Исто така, расте увозот и во Кина, зашто тамошните топилници ги исцрпуваат залихите на бакарна руда, а земјата силно инвестира во нова електропреносна мрежа, како и за потребите на центрите за вештачката интелигенција и производство на електрични возила и ветерници. Сето ова доведе до намалување на складираните залихи на светско ниво, а тоа се одрази и на цените на берзата. Залихите на бакар во август се паднати за половина во споредба со количествата од средината на мај. Залихите што ги следи Лондонската берза на метали моментално се малку над 200.000 тони руда, што е најнизок обем од февруари годинава.

Инвеститорите се повеќе вложуваат за изнаоѓање на металот и расте предизвикот во индустријата за пронаоѓање и финансирање на нови рударски јами.

„Зголемената цена за краткорочна испорака на бакар укажува на континуиран недостиг на достапен метал. Очекуваме овие ограничувања на понудата да го одржат пазарот ваков и во блиска иднина, особено ако побарувачката остане отпорна“, оценува Ева Мантеј, стратег во холандската финансиско-консултантска групација ИНГ.

Австралиската групација BHP, која е најголем по обем производител на бакар со рудници низ светот, објави значително подобра од очекуваната годишна заработка. Приходите се поттикнати од рекордните цени на бакарот, што ја зацврстија предноста на црвениот метал во споредба со останатите метали. Бакарот генерирал 18,19 милијарди долари оперативна заработка во годината.

„BHP е во добра позиција да произведува дури 40% повеќе бакар до 2035 година, или 2 милиони тони годишно. Се очекува побарувачката за бакар да порасне на повеќе од 50 милиони тони годишно до 2050 година, за разлика од 34 милиони тони оваа година“, изјави извршниот директор на компанијата Брендон Крег.

Од друга страна, државната кредитна агенција на Јужна Кореја најави дека ќе позајми една милијарда долари на швајцарската компанија „Гленкор“, во замена за сигурно снабдување со бакар за корејските компании, обезбедувајќи пристап до металот кој е сè позначаен за вештачката интелигенција и енергетската инфраструктура.

„Преку ова финансирање ќе можеме да обезбедиме стабилно снабдување со клучни материјали за синџирите на снабдување во напредната индустрија на Кореја“, соопшти државната „Ексимбанк“.

Договорот го нагласува стремежот на Јужна Кореја за зајакнување на економската безбедност, бидејќи зголемените инвестиции во центри за податоци, електрични мрежи и опрема за обновлива енергија ја зголемуваат побарувачката за бакар. Земјата се потпира на увоз на индустриски метал, оставајќи ги своите напредни производствени индустрии изложени на прекини во снабдувањето и стеснување на глобалните пазари.

…

Related Posts

Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

11.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

11.09.2026

Божиновска: Македонскиот рубин добива систем што ќе го гарантира неговото потекло и квалитет

11.09.2026

ВИДЕО – Николоски: Охридскиот аеродром добива ново лице, очекуваме до 400 илјади патници годинава

11.09.2026

Проданоски: 80 нови ученици го започнуваат своето музичко патување во Прилеп

11.09.2026

МНР: 25 години по 11 Септември, Македонија останува со САД против тероризмот

11.09.2026

Препорачани Вести

Возел и покрај изречена забрана: Охриѓанец уапсен на булевар „Туристичка“

5 месеци ago

За четири месеци уапсени 15 лица поради предизвикување пожари низ Македонија

2 недели ago

Популарни Вести

  • ЈКП „Шар“ се извини за прекините во водоснабдувањето – Несовесни градежни работи ја оштетуваат водоводната мрежа во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ го избра Стојанчо Радичевски за кандидат за градоначалник на Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата со детали за помошник директор на Царинска управа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски од Белград: Инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата го движат економскиот раст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.