недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

ДУИ бара предвремени избори: „Да се распушти Собранието, да се определи датумот“

by Redakcija
20.08.2026
in Република
ДУИ бара предвремени избори: „Да се распушти Собранието, да се определи датумот“

Демократската унија за интеграција (ДУИ) отворено побара одржување предвремени парламентарни избори, откако премиерот Христијан Мицкоски изрази подготвеност за избори доколку тоа го побара опозицијата.

Од ДУИ велат дека го прифаќаат повикот и бараат изјавата на премиерот веднаш да биде преточена во конкретни чекори.

„Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат“, порача партијата.

Според ДУИ, актуелната Влада го изгубила легитимитетот да продолжи со политиките што, како што оценуваат од партијата, водат кон европска изолација, влошување на меѓуетничките односи, нарушување на Охридскиот договор и намалување на застапеноста на Албанците во институциите.

Од партијата бараат во наредните денови да се утврди најбрзиот уставен рок за одржување на изборите и веднаш да започнат изборните подготовки.

Целта, според нив, е граѓаните да добијат можност на избори да ја определат политичката насока во која треба да се движи државата.

„Доколку понудата на премиерот е сериозна, нема причина за одложувања, изговори или политички калкулации“, наведуваат од ДУИ.

Партијата оценува дека опозицијата веќе го дала својот одговор и дека сега топката е кај власта.

„ДУИ е подготвена. Да се распушти Собранието, да се определи датумот, да одиме на избори“, се наведува во соопштението.

Повикот на ДУИ доаѓа во момент кога политичката тема за можни предвремени парламентарни избори повторно се отвора во јавноста, по изјавата на Мицкоски дека би прифатил избори доколку опозицијата побара такво нешто.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Жителите на истокот ќе добијат подобра патна врска: Избрана трасата Кочани – Виница – Делчево

Жителите на истокот ќе добијат подобра патна врска: Избрана трасата Кочани – Виница – Делчево

22.11.2026
Внимателно по патиштата, без зимска опрема не тргнувајте: АМСМ со утрински информации за возачите

Внимателно по патиштата, без зимска опрема не тргнувајте: АМСМ со утрински информации за возачите

22.11.2026

Два државни турнира во Битола: Младите пингпонгари играат за титула и пласман на „Топ 8“

21.11.2026

Тоневски: Учениците од „Никола Карев“ се запознаа со работата на Општина Пробиштип

20.11.2026

Коњановски: Со амбасадорот Акташ разговаравме за посилна соработка со Турција

21.11.2026
Извршени три операции со новата опрема: Болницата во Кочани доби медицинска донација од Полска вредна 47.000 евра

Извршени три операции со новата опрема: Болницата во Кочани доби медицинска донација од Полска вредна 47.000 евра

20.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонските државјани пристигнаа од Израел преку Египет со владиниот авион

Македонските државјани пристигнаа од Израел преку Египет со владиниот авион

9 месеци ago
Истражувачи и експерти од Македонија, Грција и Албанија се собираат во Корча на симпозиум за Преспанските езера

Истражувачи и експерти од Македонија, Грција и Албанија се собираат во Корча на симпозиум за Преспанските езера

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синот на Милорад Додик предложен за премиер на Република Српска: Игор Додик ќе ја составува новата влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.