среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ВИДЕО – Откриено што го предизвикало смртоносниот воден ѕид во Непал: Глечерот се урнал и повлекол тони карпи и кал

by Redakcija
27.08.2026
in Свет

Сателитските снимки откриваат нови детали за катастрофалната поплава што во вторникот го погоди подрачјето во близина на границата меѓу Непал и Кина. Според анализите на експерти, одрон на голем дел од глечер можеби го предизвикал смртоносниот воден бран што низ долините носел огромни количества вода, кал и камења.

Devastating CCTV footage from the Chinese side of the Nepal-China border shows the massive flood sweeping through the area with incredible force, giving a stark glimpse of how suddenly it was struck. pic.twitter.com/s2eVfOzd7G

— Everest Today (@EverestToday) August 26, 2026

Снимките на компанијата „Планет лабс“, направени пред и по катастрофата, покажуваат драматични промени во планинскиот предел. Експертите проценуваат дека значителен дел од долниот фронт на глечерот се одвоил на надморска височина од околу 5.200 метри и паднал во долината, на околу 1.200 метри пониско.

При падот, одронот најверојатно повлекол со себе огромни количества карпи и седименти, создавајќи разорен бран што се проширил низ речните системи.

Не бил земјотрес, туку одрон

Непалските власти првично соопштиле дека непосредно пред катастрофата било почувствувано потресување и дека земјотресот можеби бил причина за поплавата.

Сепак, Американскиот геолошки институт (USGS) подоцна соопштил дека регистрираниот сигнал не бил предизвикан од класичен земјотрес. Станувало збор за одрон со сила еквивалентна на земјотрес со магнитуда од 5,2 степени.

Експертите сега ги анализираат сите можни фактори што можеле да придонесат за нестабилноста на теренот.

Меѓу нив се споменуваат наглото топење на снегот, високите температури и градежните активности. Сè уште не е утврдено дали и во кој степен климатските промени директно придонеле за катастрофата.

Водата се зголемила за девет метри за само половина час

Поплавата настанала на реката Ленде, на околу 20 километри североисточно од границата со Кина.

Огромниот бран потоа продолжил низ речните системи Бхоте Коси и Тришули, носејќи со себе вода, кал, камења и остатоци.

Во областа Галчи, според првичните информации, нивото на водата се зголемило за дури девет метри за само 30 минути.

Најтешко погоден е планинскиот округ Расува, каде живеат околу 50.000 луѓе и каде се наоѓаат повеќе хидроенергетски објекти.

Стравувањата дека бројот на жртви ќе расте

Досега се пронајдени телата на најмалку 162 лица, додека повеќе од 1.300 луѓе се водат како исчезнати, меѓу кои и стотици туристи.

Размерите на трагедијата ги потврдуваат и сведоштвата на преживеаните.

Калпана Мала од Нувакот раскажала дека пред нејзини очи надојдената вода ги однела нејзиниот татко, мајка, сестра и децата на сестра ѝ. Таа и нејзиниот син успеале да се спасат така што се искачиле на покривот од куќата.

„Оваа поплава однесе сè“, раскажала Мала.

Населбите покрај реките се тешко разурнати, а бројни семејства останале без домови, добиток и земјоделско земјиште.

Одронот предизвикал проблеми и на кинеската страна од границата, каде што бил погоден граничниот премин Ѓиронг. Прекинати биле патишта, телекомуникациските врски и снабдувањето со електрична енергија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг повикал на максимални напори за пронаоѓање на исчезнатите и зајакнување на системите за рано предупредување.

Во меѓувреме, геолозите предупредуваат дека поплавите, одроните и другите екстремни природни појави на Хималаите стануваат сè почести и поинтензивни, што дополнително ја зголемува загриженоста за идни слични катастрофи.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Египет стави 35 организации на терористичка листа, меѓу нив и здружение наведено како организација од Македонија

11.11.2026

Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска војна. Шведска се подготвува за неа

10.11.2026

САД: Подготвени сме за нов удар врз Иран

10.11.2026

Ескалира мафијашката војна во Рим, ривалските кланови се борат за територија

10.11.2026

Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

09.11.2026

ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Божиновска за emagazin: Градиме модерен енергетски систем усогласен со европските стандарди

3 месеци ago

Девет противпожарни возила на терен: Спречено ширењето на пожарот кај Бит-пазар

2 дена ago

Популарни Вести

  • Нови казни преку „Безбеден град“ до крајот на годината: Еве кои возачи ќе бидат на удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ви стигна порака за казна од „Безбеден град“? МВР предупредува, еве како да препознаете измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почистиот воздух во спалната соба може да помогне за постабилен шеќер во крвта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Египет стави 35 организации на терористичка листа, меѓу нив и здружение наведено како организација од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.