среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

by Redakcija
28.08.2026
in Економија

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и оваа година ја продолжи традицијата на оддавање признание на своите вработени за нивниот труд, стручност и посветеност кон безбедното и стабилно работење на рудникот. За празникот, сите вработени во САСА добија парична награда за своите залагања, додека на вкупно 121 вработен им беа доделени дополнителни парични награди и признанија за особен придонес кон остварувањето безбедно и стабилно производство и за другите активности поврзани со работењето на САСА.

Признанието „Најдобар рудар“ за 2025/2026 година му беше доделено на Драганчо Јованчов, ракувач со електрохидраулична дупчалка во јама, кој доби пригодна парична награда и подароци. Како дел од одбележувањето на празникот, за сите вработени беше организиран и традиционален свечен ручек.

„Денот на рударите е можност да им оддадеме признание на нашите вработени, чиј труд, знаење и посветеност се важни за успешното работење на Рудник САСА. Истовремено, овој празник нè потсетува на силната поврзаност меѓу рудникот и Општина Македонска Каменица. Рудник САСА не е само компанија што работи овде, туку е дел од заедницата со која со децении расте и ги споделува и успесите и предизвиците. Ќе продолжиме да вложуваме во безбедни и современи услови за работа и да создаваме вредност за сите, бидејќи успехот има поголема вредност кога се споделува“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Џејмс Караматич, упатувајќи честитки до сите рудари и вработени во Рудник САСА, нивните семејства, жителите на Македонска Каменица и сите вработени во домашната рударска индустрија.

Одбележувањето на празникот се одвива во период на продолжена модернизација на Рудник САСА. Во пресрет на празникот ставени се во функција три нови подземни камиони кои придонесуваат за поголема оперативна сигурност и транспортна ефикасност, а беше заокруженa и првата фаза од проектот со кој се подобрува подземната вентилација. Со реализацијата на овие вложувања се оптимизира транспортот на руда, дополнително се унапредуваат условите за работа и се овозможува побезбедно извршување на подземните рударски операции.

Значаен напредок е постигнат и во дигитализацијата на рудникот, преку воведување централизиран систем за следење и управување со рударските процеси, кој преку интеграција на опремата и системите за мониторинг, овозможува следење на производството во реално време, подобра контрола на опремата и оптимизација на потрошувачката на енергија.

Овие проекти се дел од вкупните инвестиции во Рудник САСА кои надминаа 120 милиони долари, реализирани од влезот на Централ Азија Металс (CAML) во Рудник САСА во ноември 2017 година до денес. Овие средства се инвестирани во набавка на современа рударска опрема, дигитализација на технолошките процеси, реализација на капитални проекти за модернизација на рударските методи, зголемување на ефикасноста и минимизирање на еколошкиот инпакт, како и во унапредување на безбедноста, стандардите и условите за работа во рудникот и во професионалниот развој и едукација на вработените.

Потврдувајќи ја својата долгогодишна поддршка за локалната заедница, Рудник САСА и годинава е главен покровител и партнер на дел од активностите за одбележување на Денот на рударите и двојниот празник на Македонска Каменица, вклучително и централната тридневна културно-музичка програма на градскиот плоштад.

Македонска Каменица, 28 август 2026

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

04.11.2026

Шефот на АББ предупредува: Европа ризикува масовна невработеност, Германија мора да поведе со реформите

04.11.2026

Божиновска: Во Германија отвораме нови можности за инвестиции и посилна економска соработка

04.11.2026

Што се случува со заштедите ако банка ја изгуби дозволата? Еве колку може фондот да обесштети

04.11.2026

Нов раст на светските цени: Ќе поскапат ли горивата во Македонија?

04.11.2026

Народната банка: Граѓаните без картички од 5 ноември ќе можат да подигнат средства во Алта банка во Битола

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Коњановски: Локалниот економско-социјален совет ќе биде двигател на развојот во Битола

7 месеци ago
РКЕ усвои нови правила за сајбер безбедност во енергетскиот сектор

РКЕ усвои нови правила за сајбер безбедност во енергетскиот сектор

6 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.