недела, септември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

(ВИДЕО) ОГРОМНИ КОЛОНИ НА ЕВЗОНИ: За влез во Македонија се чека и повеќе од три часа

by Уредник
30.08.2026
in Македонија, Република
(ВИДЕО) ОГРОМНИ КОЛОНИ НА ЕВЗОНИ: За влез во Македонија се чека и повеќе од три часа

Крајот на продолжениот викенд и враќањето на голем број македонски граѓани од Грција пред почетокот на новата учебна година предизвикаа огромни колони на граничните премини.

Најкритична е состојбата на преминот Евзони–Богородица, во правец од Грција кон Македонија, каде според информации од патници на терен, колоната на возила се протега со километри, а за преминување на границата се чека и повеќе од два и пол часа.

Дел од патниците сведочат дека застојот започнува уште во близина на последната патарина пред Евзони.

„Ја поминавме патарината пред границата и застанавме. Редицата кон Евзони е огромна и не знаеме колку време ќе чекаме“, раскажуваат граѓани кои се враќаат од летување во Грција.


Голема фреквенција има и на граничниот премин Дојран, каде во правец кон Македонија исто така се формирани долги колони, а според информации од патници, задржувањето во одредени периоди надминува два часа.

Во спротивната насока, од Македонија кон Грција, сообраќајот се одвива значително побрзо.

Зголемен интензитет на возила има и на патиштата низ Македонија. Поголеми гужви се забележуваат на наплатните станици, како и на патниот правец Охрид–Скопје, особено на приодот кон Гостивар.

Од АМСМ информираат дека денеска интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Причина за големиот бран возила е масовното враќање на граѓаните од летните одмори и продолжениот викенд, непосредно пред почетокот на новата учебна година.

Related Posts

МЕТЕОАЛАРМ: Високи температури низ Македонија, живата во термометрите до 35 степени

МЕТЕОАЛАРМ: Високи температури низ Македонија, живата во термометрите до 35 степени

06.09.2026
„Time Out“ го избра Охридското Езеро за најубавото место во Европа

„Time Out“ го избра Охридското Езеро за најубавото место во Европа

06.09.2026

Гром удрил во стадо на Јакупица: Десетици овци угинале, голема штета за сточар од Чашка

05.09.2026

Николоски: 165 милиони денари за нови проекти во Гевгелија, обновена и Старата чаршија

05.09.2026

Проданоски: 18 проекти вредни 12 милиони евра за модерен и функционален Прилеп

05.09.2026

КОЈ РАБОТИ ВО ПОНЕДЕЛНИК, НЕКА ИЗДРЖИ: Вторник е неработен, па следува продолжен викенд

05.09.2026

Препорачани Вести

ЕУ ја оцени позитивно усогласеноста на монетарната политика на Народната банка со европските препораки

ЕУ ја оцени позитивно усогласеноста на монетарната политика на Народната банка со европските препораки

4 месеци ago
Делови од Скопје денес без струја

Две скопски општини денеска без струја

3 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Русија регрутира и странци за војната: Кинези ги привлекуваат со високи плати, други со лажни ветувања за работа

    (ВИДЕО) Русија регрутира и странци за војната: Кинези ги привлекуваат со високи плати, други со лажни ветувања за работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија повторно го нападна преминот на границата со Романија: „Орливка“ беше затворена, па повторно отворена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виткоф и Кушнер по Москва продолжуваат кон Киев преку Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада ја претстави новата вертикална банкнота: На неа ќе биде кралот Чарлс III

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.