вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Заврши големата потрага на Шар Планина: Исчезнатата планинарка пронајдена жива и во добра состојба

by Уредник
30.08.2026
in Македонија, Црна Хроника
Заврши големата потрага на Шар Планина: Исчезнатата планинарка пронајдена жива и во добра состојба

Успешно заврши потрагата по 37-годишната Н.С. од Република Бугарија, која исчезна при искачување кон Титов Врв на Шар Планина. Жената денеска околу 15 часот била пронајдена во близина на месноста Горна Лешница и бачилата „1-ви Мај“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, исчезнувањето било пријавено вчера, 29 август 2026 година, во 20:22 часот. Пријавата пристигнала во СВР Тетово преку единствениот број за итни случаи 112.

Веднаш по добиената информација била организирана голема и координирана потрага на теренот, во која биле вклучени повеќе полициски и спасувачки служби.

По исчезнатата жена трагале полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Попова Шапка, припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, како и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување и претставници на Националниот парк „Шар Планина“.

Во акцијата бил вклучен и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, кој вршел пребарување од воздух над планинскиот предел.

По повеќечасовната потрага, Н.С. била забележана и пронајдена од граѓани во близина на Горна Лешница и бачилата „1-ви Мај“. Според првичните информации, таа била во добра здравствена состојба.

По пронаоѓањето, жената со теренско возило била пренесена од Горна Лешница до Попова Шапка. Оттаму било предвидено со возило на Итната медицинска помош да биде транспортирана во Клиничката болница во Тетово, каде што ќе ѝ биде извршен лекарски преглед и ќе ѝ биде укажана потребната медицинска помош.

Со нејзиното пронаоѓање успешно заврши големата спасувачка операција во која учествуваа повеќе институции, специјални полициски сили, спасувачки екипи и граѓани.

Related Posts

Холанѓанец и Шпанец приведени по напад врз 33-годишен арачиновец во Скопје

22.09.2026

ЕВН: Набавката на броила е спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените критериуми

22.09.2026

Уште 200.000 евра откриени на Табановце: Парите биле сокриени во торби и куфер

22.09.2026

Три години издавал лажни решенија за приватизација на земјиште – МВР со детали

22.09.2026

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА – успешно спроведени реформски проекти

22.09.2026

Го барале откако не се вратил од работа: 60-годишен маж пронајден мртов на стадион

22.09.2026

Препорачани Вести

ЕУ воведе DAC8: нови правила за даночно известување на криптовалутите

9 месеци ago

ВИДЕО: Голем пожар во Мостар – Граѓаните да не излегуваат од своите домови доколку тоа не е неопходно

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Холанѓанец и Шпанец приведени по напад врз 33-годишен арачиновец во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД, Данска и Гренланд потпишаа нов безбедносен договор за Арктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕВН: Набавката на броила е спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените критериуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Литванија ја отвора вратата за нуклеарно оружје: Историски чекор на парламентот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Македонија е дел од глобалниот дијалог за економскиот раст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.