понеделник, август 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Пензионерските и инвестициските фондови го забрзаа растот: ОФИ со 336 милијарди денари средства

by Redakcija
31.08.2026
in Економија

Pari

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) во вториот квартал од 2026 година достигнаа 336,36 милијарди денари, што претставува раст од 7,2 отсто на квартално и 22,1 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците за движењата во овој сегмент од финансискиот систем.

ОФИ учествуваат со 23,3 отсто во вкупните средства на финансиските институции, при што во нивната структура доминираат пензиските фондови со учество од 63,7 отсто. Осигурителните друштва учествуваат со 13,5 отсто.

Најголем придонес во растот на средствата имаат пензиските фондови. Нивните вкупни средства, кои ги опфаќаат задолжителните и доброволните фондови, во вториот квартал се зголемиле за 8 отсто на квартална и 21 отсто на годишна основа. Растот главно произлегува од зголемените вложувања во сопственички и должнички хартии од вредност.

Значителен раст бележат и инвестициските фондови. Нивните вкупни средства се зголемиле за 12,3 отсто во однос на претходниот квартал, додека на годишна основа растот достигнал дури 44,2 отсто. Најголем придонес имаат повисоките вложувања во сопственички хартии од вредност, како и зголемувањето на валутите и депозитите.

Осигурителните друштва, пак, во вториот квартал ги зголемиле вкупните средства за 3 отсто квартално, додека на годишно ниво растот изнесува 8,8 отсто. Зголемувањето главно се должи на повисоките инвестиции во должнички и сопственички хартии од вредност.

За разлика од останатите потсектори, финансиските друштва регистрирале квартален пад на средствата од 1,1 отсто. Сепак, на годишно ниво тие бележат значителен раст од 30,3 отсто. Најголем дел од нивните средства се однесуваат на побарувања врз основа на кредити, кои достигнале 15,97 милијарди денари.

Кредитирањето кај финансиските друштва на квартално ниво е намалено за 1,9 отсто, но во споредба со истиот период минатата година е зголемено за 28,6 отсто.

Раст бележат и друштвата за финансиски лизинг. Нивните вкупни средства се зголемиле за 4,8 отсто квартално и 21,7 отсто годишно. Побарувањата врз основа на кредитите достигнале 13,91 милијарда денари, а кредитирањето е зголемено за 6,6 отсто на квартална и 23,3 отсто на годишна основа.

Податоците покажуваат дека растот на небанкарскиот финансиски сектор во вториот квартал во најголем дел е поттикнат од пензиските и инвестициските фондови, но позитивни движења се забележуваат и кај осигурителниот и лизинг-секторот.

…

Related Posts

ДИЗЕЛОТ ЗНАЧИТЕЛНО ПОЕВТИНУВА : Од полноќ нови цени на горивата

31.08.2026

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

30.08.2026

АНЃУШЕВ ЗА BLOOMBERG: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЈА СКЛАДИРА ЕВТИНАТА СТРУЈА ВО БАТЕРИИ И ДА ЈА ИЗВЕЗУВА КОГА ЦЕНИТЕ СЕ ПОВИСОКИ

29.08.2026

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства

31.08.2026

БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

29.08.2026

Азески со амбасадори и бизнисмени во Дебар, испрати честитка по повод Денот на рударите

28.08.2026

Препорачани Вести

Генералниот секретар на НАТО: Трамп придонесува за јакнење на Алијансата

8 месеци ago
Србија со план за свој мал модуларен нуклеарен реактор

Србија со план за свој мал модуларен нуклеарен реактор

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Пензионерските и инвестициските фондови го забрзаа растот: ОФИ со 336 милијарди денари средства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на различни локации во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Зад секоја успешна генерација стојат луѓе кои знаат да пренесат знаење, да воспитуваат и да инспирираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Соработката со ЕВРОКОНТРОЛ е одлична, работиме на унапредување на ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Пелистер повторно во знакот на адреналинот – одржано 14-тото издание на „Pelister Downhill Cup“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.