вторник, октомври 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

„Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција

by Redakcija
03.09.2026
in Република

Винарската визба „Тиквеш“ ја потврди својата доминација на меѓународните вински натпревари, овој пат освојувајќи вкупно 15 високи награди на престижните Mundus Vini Summer Tasting 2026 и Citadelles du Vin 2026, меѓу кои и специјални награди за најдобар производител и за најдобри вина од Македонија. Со новите успеси, винарницата уште еднаш докажа дека во земјава има потенцијал за создавање светски брендови кои во силна конкуренција се истакнуваат со своите уникатни вредности.

На Mundus Vini Summer Tasting 2026, „Тиквеш“ освои десет признанија од кои три се исклучително значајни специјални награди. „Тиквеш“ беше прогласен за најдобар производител од Македонија и ги освои наградите за најдобро вино од земјава во категориите бели и црвени вина. Наградата за најдобро бело македонско вино му припадна на Bela Voda White 2025, кое воедно освои и златен медал, додека наградата за најдобро македонско црвено вино му беше доделена на Barovo Red 2022, исто така одликувано со златен медал. Со злато од натпреварот се вратија и Babuna Red 2023, Bela Voda Red 2022, Luda Mara Red Cuvée 2024 и Babuna White 2025.

Со новите успеси, македонската винарница уште еднаш го потврдува препознатливиот карактер на своите вина, кои и во силна меѓународна конкуренција се издвојуваат со својот тероарен потпис, комплексност и моќ. Особена тежина на овие резултати им даваат и строгите правила на Mundus Vini. Согласно пропозициите на натпреварот, со медали може да бидат одликувани најмногу 40 проценти од сите пријавени вина. Во ваква селективна конкуренција, секое признание добива особена вредност, а двете Best of Show признанија за најдобро вино од Македонија и наградата за најдобар производител се издвојуваат како врв на овогодишниот успех.

„Овој успех е силна потврда дека вината што ги создаваме во ,Тиквеш’ се одликуваат со врвен квалитет, автентичност и успешно се издвојуваат и во најсилната меѓународна конкуренција. Особено нè радува што признанијата доаѓаат за вина од наши различни тероари и различни стилови, што покажува дека потенцијалот на македонското лозарство може да даде врвни резултати во широк спектар на вински категории. Наша амбиција е да продолжиме да создаваме вина со препознатлив печат и врвен квалитет, кои со право ќе го претставуваат македонското вино на светската сцена“, изјави Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“.

Одличниот резултат на „Тиквеш“ е потврден и на Citadelles du Vin 2026, каде водечкиот македонски вински бренд освои три златни одликувања. Domaine Lepovo Grand Cuvée 2023 беше одликувано со голем златен медал, а го освои и специјалното признание Prix Special North Macedonia. Со златен медал беа наградени и Barovo Red 2022 и Bela Voda White 2023. На овогодишното издание на Citadelles du Vin учествуваа 369 вина од 16 земји, кои ги оценуваа 45 професионални дегустатори од 19 земји.

Последните награди на Винарската визба „Тиквеш“’ се резултат на континуираниот процес на унапредување на квалитетот, при што сите процеси почнувајќи од одгледување на виновата лоза па се производството на вино, се одвиваат согласно највисоките стандарди. „Тиквеш“ е единствена винарница во регионот која во континуитет применува иновации, алатки базирани на вештачка интелигенција и воведува дигитализација и зелени технологии. Сите активности се базираат на интегриран научен пристап што ја позиционира винарницата како лидер во современото лозарство и винарство.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Утре без струја повеќе населени места во тетовско: Прекини до пет часа

20.10.2026

Проданоски: Планирана инвестиција од 180 милиони денари за целосна реконструкција на салата „Македонија“ во Прилеп

20.10.2026

Проданоски: Запуштените површини во Прилеп ги претвораме во места за игра и спорт

20.10.2026

Далеку од дома, обединети за Лабуништа: Донаторска вечер ја собра дијаспората во Италија

19.10.2026

Утре без струја повеќе населени места во тетовско: Еве каде се најавени прекини

19.10.2026

Се заменува водоводна мрежа стара над 40 години на улицата „Димитар Тодоровски“ во Битола

19.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Случај на малтретирање во Идризово заврши со признавање на повреда од страна на државата пред Судот во Стразбур

Случај на малтретирање во Идризово заврши со признавање на повреда од страна на државата пред Судот во Стразбур

8 месеци ago

Еве колку темно чоколадо дневно може да биде добро за организмот

1 месец ago

Популарни Вести

  • Од десна рака на Рама до обвиненија за корупција: Тендери, имот и перење пари во случајот „Балуку“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се обновува споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во „Жена борец“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,40 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Има само 18 години, а од продажба на ЛЕГО-коцки заработил повеќе од 350.000 евра за една година: Еве како го направил тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате стари музички касети на таванот? Некои примероци достигнуваат илјадници евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.