петок, октомври 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Македонија ја гради новата енергетска карта на Југоисточна Европа

by Redakcija
05.09.2026
in Економија

„Не сакаме да бидеме само набљудувач – сакаме да бидеме активен партнер и енергетски коридор што го поврзува југот со Централна и Источна Европа“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска учествуваше на Sixth Thessaloniki Metropolitan Summit, во организација на The Economist, каде како почесен гостин и главен говорник се обрати пред високи претставници од политичкиот, економскиот и бизнис сектор од Грција, регионот и Европа.

Овогодишниот самит, под наслов „Axis 2030: Powering connectivity, unlocking growth for south-east Europe“, е посветен на иднината на поврзаноста, економскиот развој и геополитичките и енергетските предизвици со кои се соочува Југоисточна Европа.

Во своето обраќање, Божиновска истакна дека енергетската безбедност денес е неразделно поврзана со диверзификацијата на изворите, прекуграничната инфраструктура и регионалната поврзаност.

„Енергетската независност значи државен суверенитет. Денес не е доволно само да имаме енергија – мора да знаеме од каде може да дојде, по кои патишта може да стигне и дали тие патишта се сигурни, диверзифицирани и меѓусебно поврзани.Зависноста од еден единствен добавувач нè прави ранливи. Затоа диверзификацијата и прекуграничната поврзаност повеќе не се прашање на избор, туку прашање на енергетска безбедност и економски развој“, порача Божиновска.

Тема на панелот беше Вертикалниот гасен коридор, а нејзини останите учесници беа Џошуа Волц – специјален пратеник за глобална енергетска интеграција, Департмант за енергетика на САД, Ставрос Папаставру – министер за животна средина и енергетика на Грција, Ива Петрова – министер за енергетика на Бугарија и Артем Рибченко – заменик-министер за обнова, инфраструктура и транспорт на Украина. Министерката нагалси дека токму овој проект го оценува како еден од клучните проекти за новата енергетска и геостратешка архитектура на Југоисточна Европа. 

„Вертикалниот енергетски коридор не е само гасоводна инфраструктура. Тој е новата безбедносна, економска и геостратешка архитектура на Југоисточна Европа.“

Божиновска истакна дека Македонија со официјалното приклучување кон Вертикалниот гасен коридор прави историски чекор кон прекин на долгогодишната зависност од една гасна рута и отворање кон нови извори и пазари.

„Ние не сакаме да бидеме само набљудувач на овие процеси, туку активен партнер. По три децении ја прекинуваме целосната зависност од само една гасна рута и градиме инфраструктура која ќе ја постави Македонија на новата енергетска карта на Европа.“

Интерконекторот со Грција – директен излез кон алтернативни извори

Министерката посочи дека изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува според планираната динамика.

Интерконекторот е со вкупна должина од 123 километри, од кои околу 68 километри на територијата на Македонија, а неговото ставање во функција се очекува во текот на 2027 година.

Со новата гасна врска Македонија ќе добие директен пристап до јужниот гасен коридор и до можностите за снабдување преку ЛНГ терминалите во Ревитуса и Александруполис, со што се отвора пристап до диверзифицирани извори на природен гас.

„Ова не е само проект за нас. Ова е пристап до алтернативни извори на гас за целиот регион. Со интерконекторот ја зголемуваме сигурноста на снабдувањето, создаваме услови за поголема конкуренција и ја зајакнуваме регионалната енергетска отпорност“, истакна Божиновска.

Од крајна точка до транзитен енергетски коридор

Божиновска во своето обраќање ја нагласи и стратешката важност на интерконекторот со Србија, преку кој Македонија ќе воспостави нова гасна врска кон север.

„Нашата визија не застанува на границата со Грција. Продолжуваме со интерконекторот со Србија, со што создаваме западнобалкански крак кој го поврзува југот со Централна и Источна Европа.“

Таа посочи дека со паралелното развивање на гасните интерконекции со Грција и Србија Македонија ја трансформира својата позиција – од крајна точка на гасниот систем во потенцијален регионален транзитен енергетски коридор.

„Ние го трансформираме регионот од пасивна крајна точка во активен транзитен коридор. Нашата земја има амбиција да биде енергетска врска меѓу југот и Централна и Источна Европа.“

Министерката нагласи дека инвестициите во гасната инфраструктура се дел од поширока енергетска транзиција и дека новите интерконектори мора да бидат подготвени за идните технологии.

„Нашата визија оди подалеку од традиционалните енергенси. Архитектурата што ја градиме денес мора да биде доволно флексибилна да ги поддржи енергетските системи на утрешнината.“

Во тој контекст, Божиновска посочи дека новата инфраструктура се развива со перспектива за идниот транспорт на водород и со цел да биде компатибилна со долгорочните европски цели за декарбонизација.

Покрај гасната инфраструктура, министерката ги истакна и инвестициите во обновливи извори на енергија, особено сончевата и ветерната енергија, како и потребата од модернизација и зајакнување на електроенергетските мрежи и прекуграничните интерконекции.

„Енергетската транзиција не е само промена на енергентите. Таа е изградба на нов систем – со повеќе извори, повеќе врски, повеќе флексибилност и поголема отпорност.“

Во делот на електроенергетиката, Божиновска посочи дека Македонија работи на дополнително зајакнување на регионалната поврзаност преку интерконекцијата Битола–Елбасан, со која се комплетира Коридорот 8, како и преку надградба на постојната врска со Грција и развој на новата интерконекција со Бугарија.

„Ниту една земја во Југоисточна Европа не може сама да ја осигура својата енергетска безбедност. Затоа ни е потребна регионална солидарност, инфраструктурна поврзаност и заеднички енергетски пазар.“

Таа порача дека Македонија останува целосно посветена на европската визија за поврзан, конкурентен и отпорен енергетски систем.

„Подготвени сме за работа, подготвени сме за инвестиции и подготвени сме да бидеме сигурен столб на енергетската отпорност на Југоисточна Европа.“

Учеството на министерката Божиновска на Economist Thessaloniki Metropolitan Summit 2026 претставува можност Македонија пред релевантните политички, економски и бизнис чинители од регионот и Европа да ги презентира своите стратешки енергетски приоритети и конкретните инфраструктурни проекти преку кои земјата се позиционира како активен учесник во новата енергетска архитектура на Југоисточна Европа.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Европа ја забрзува трката по критични минерали: нов повик за стратешки проекти до крајот на годината

16.10.2026
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Николоски: Планираме реконструкција и електрификација на пругата Велес – Битола и набавка на околу 9 патнички возови и 5 електрични локомотиви

16.10.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,54 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

15.10.2026

Божиновска: Сакаме инвестиции со јасни правила и реални придобивки за граѓаните

15.10.2026

Еврото на најниско ниво во 16 месеци: Што се случува со европската валута?

15.10.2026

Од купување станови до градежни фирми: Нов потег на данскиот инвеститор во Македонија

15.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Под седиштето криел седум змии и гуштер, цариниците ги откриле на „Богородица“

6 дена ago

Курти со убедлива победа со освоени 57 пратенички места – ДСК најголем губитник на изборите во Косово

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Дванаесетгодишник изгубил свест при опасна „игра“ во училишна соблекувална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест во Софија: Демонстранти бараат оставки од Јотова и Радев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Михаилова и нејзиниот татко ќе се соочат со правдата, случајот ќе го отвориме и пред партнерите во НАТО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колумна на Виктор Грозданов за НетПрес: Левичарски лажовчини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Свети Спас со хуманитарни пунктови кај Веро на 17 и 18 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.