сабота, ноември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска во УГД Штип: Науката и институциите мора да работат заедно за силен енергетски и минерален сектор

by Redakcija
10.09.2026
in Економија, Топ Вести

Каталог на минерални суровини, нови истражувачки капацитети, критични минерали и македонскиот рубин меѓу приоритетите на соработката.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со раководството и професорите од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на која беа отворени конкретни теми за унапредување на минералниот сектор преку посилно поврзување на институциите, науката и економијата.

Средбата со  ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, придружуван од раководството на Универзитетот. е дел од заложбата на Министерството за создавање модерен, научно поткрепен и одржлив систем за управување со минералните ресурси на Македонија, во кој знаењето и истражувачкиот потенцијал на универзитетите ќе имаат директна улога во креирањето и спроведувањето на политиките.

Како една од клучните иницијативи на состанокот беше истакната изработката на сеопфатна мапа на геолошките истражувања во Македонија, како и промоцијата и заштитата на природните ресурси на земјата. Започнување на процесот за изработка на Каталог на минерални суровини на Република Македонија и мапа на геолошките истражувања, значаен инструмент за систематско евидентирање, истражување, промоција и валоризација на минералниот потенцијал на државата.

„Македонија има минерален потенцијал кој мора да го познаваме, научно да го истражиме и одговорно да го ставиме во функција на економскиот развој. Не можеме да зборуваме за современо рударство без наука, технологија и силни институции. Затоа го поврзуваме Министерството со универзитетите и создаваме услови знаењето да стане двигател на развојот“, истакна министерката Божиновска.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, потенцираше дека УГД располага со врвни просторни и научни капацитети кои можат да се стават во служба на државата и граѓаните.

„Универзитетот регионално располага со еден од најдобрите лабораториски центри во оваа сфера и има големо научно искуство. Науката мора активно да учествува во сите промени, енергетската транзиција и справувањето со климатските промени. Со брзи, ефикасни и прецизни решенија, со поддршка од државните институции и индустријата, можеме да го подобриме квалитетот на животот и поефикасно да ги искористиме ресурсите со кои располагаме“, изјави ректорот Мираковски.

На средбата беше разговарано и за заедничка подготовка и аплицирање на проекти пред европските фондови, со фокус на научноистражувачка работа, развој на иновативни технологии, заштита на животната средина, одржливо користење на природните ресурси, зелена транзиција и зајакнување на истражувачките капацитети.

Особено значајна е можноста УГД да се вклучи во активностите поврзани со заштитата, истражувањето и промоцијата на македонскиот рубин, минерално богатство со посебно национално значење. Со вклучување на научната заедница, неговото значење може да се надгради не само како заштитено геонаследство, туку и како дел од пошироката научна, културна и економска промоција на Македонија.

Министерството и УГД разговараа и за унапредување на истражувачката и аналитичката инфраструктура во областа на геологијата, рударството и минералните суровини.

Во фокусот на разговорите беа и ретките земји и критичните минерални суровини, кои имаат сè поголемо стратешко значење за европската и глобалната економија. Во таа насока беше истакната потребата од подготовка на посебна програма за истражување и развој, како и реализација на мерките предвидени со Акцискиот план од Стратегијата за развој на енергетика, рударство и минерални суровини 2026–2046.

„Критичните минерали се иднината на современата индустрија, енергетиката и зелената транзиција. Ако сакаме Македонија да биде дел од новите европски синџири на вредност, мора да инвестираме во истражувања, лаборатории, кадар и технологии. Ова е долгорочна инвестиција во економската и ресурсната сигурност на државата“, нагласи Божиновска.

Во делот на енергетиката и зелената транзиција беа разгледани и можности за реализација на фотоволтаични системи во земјоделството, со кои би се овозможило производство на чиста енергија, поефикасно користење на земјоделските ресурси и зголемување на конкурентноста на земјоделскиот сектор.

Во разговорите посебно внимание беше посветено и на улогата на Универзитетот во подготовката на нови кадри за потребите на современата енергетика и зелената транзиција. Развојот на обновливите извори на енергија, системите за складирање на енергија, агроволтаиците и одржливите технологии отвораат нови можности, но и создаваат потреба од стручен и квалификуван кадар. Соговорниците се согласија дека поврзувањето на академската заедница, институциите и реалниот сектор е клучно за создавање кадар преку развој на современи програми, практична настава и нови можности за студентите да стекнат знаења и вештини кои директно ќе одговорат на потребите на енергетскиот сектор.

Средбата потврди дека науката и институциите мора да работат заедно ако сакаме минералниот и енергетскиот потенцијал на Македонија да биде претворен во реален економски потенцијал.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Универзитетот „Гоце Делчев“ продолжуваат со координација на конкретните активности, со заедничка цел – повеќе знаење, повеќе истражувања, модерно и одржливо рударство и поголема додадена вредност од природните ресурси на Македонија.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Станови за околу 1.000 евра по квадрат за млади брачни парови

28.11.2026

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

28.11.2026

Тоневски: Пробиштип ги укинува комуналиите за прв дом за млади брачни парови и ја зголемува помошта за трето дете

28.11.2026

Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

28.11.2026

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

28.11.2026

Лоши вести за граѓаните со кредити во евра: ЕЦБ најавува можно зголемување на каматните стапки во декември

28.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Полска со предлог ракетите „Патриот“ да се произведуваат на нејзина територија, со учество на Украина

Полска со предлог ракетите „Патриот“ да се произведуваат на нејзина територија, со учество на Украина

2 месеци ago

Делови од три села во Тетовско утре ќе останат без струја

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Научниците открија нешто неочекувано во најдлабокиот дел од океанот: Мистерија на Земјата стара милиони години добива ново објаснување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сè повеќе луѓе пијат вода со мед пред спиење: Тврдат дека прави чуда, но што велат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавете на телевизорот закачен на ѕид: Нов тренд ги освојува домовите и целосно го менува изгледот на дневната соба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија пат: Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сибирски студ доаѓа во Македонија: Следната недела температурите ќе паднат до минус 18 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.