четврток, септември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

by Redakcija
10.09.2026
in Македонија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации.

Годинешното издание ќе се одржи на нова локација – во Mega Shopping Park во Гевгелија. Фестивалот ќе започне утре во 18:30 часот, а програмата во петок и сабота ќе трае до 01:00 часот по полноќ. Во недела, содржините ќе започнат во 14:00 часот и ќе продолжат до полноќ.

„Taste the South“ четврта година по ред ги обединува гастрономската традиција, локалните производители, културното наследство и музиката во единствено фестивалско доживување. Секој фестивалски ден ќе биде посветен на различен препознатлив вкус од југот. Во петок, посетителите ќе можат да ја проследат подготовката и да дегустираат домашен ајвар. Саботата ќе биде посветена на смоквите и производите од нив, додека во недела ќе се одржи дегустација на традиционална ракија.

Во фестивалската понуда ќе учествуваат и локални производители и винарии, кои пред посетителите ќе претстават избор на производи и вина. На тој начин, фестивалот ја промовира автентичната гастрономија на гевгелискиот регион и го доближува неговото културно и кулинарско наследство до домашните и странските посетители.

Петок, 11 септември

Музичката програма ќе започне во 18:30 часот со настапите на ЗГУД „Негорци“ од Негорци и ЗГУД „Браќа Толеви“ од Прдејци. Во 19:30 часот ќе настапи Филип Стојанов, во 20:45 часот „Пауза за ракија“, а во 22:10 часот „Куку Леле“. Првата фестивалска вечер ќе ја заокружат „Брас Брадарс“, чиј настап е закажан за 23:50 часот.

Петочната гастрономска програма ќе биде посветена на подготовката и дегустацијата на ајвар.

Сабота, 12 септември

Саботната програма ќе започне во 18:30 часот со КУД „Танец“ од Миравци. Во 19:15 часот ќе настапи „Леге Артис“, а во 20:15 часот Кико Болеро и „Болеро бенд“. Во 21:30 часот на сцената ќе се појави „Нокаут“, додека вечерта ќе продолжи со настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ од 23:15 часот.

Вториот фестивалски ден ќе ги стави во фокус смоквите и локалните специјалитети подготвени од нив.

Недела, 13 септември

Последниот фестивалски ден ќе понуди програма за малите и за големите. Во 14:00 часот ќе настапи Школото за гитари при Пионерскиот дом, а во 15:00 часот Школата за тапани при Пионерскиот дом. Во 17:00 часот следува настапот на Ансамбл „Бојмија“, а во 17:45 часот ќе настапи „Мистик“.

Во 18:30 часот ќе започне Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“. Вечерната програма продолжува со Наталија Данаилова во 19:45 часот, „Два Бона“ во 21:00 часот и Каролина Гочева во 22:30 часот.

Неделата ќе биде посветена на традиционалната ракија, со дегустација и гастрономски содржини, како и целодневна забава за посетителите од сите возрасти.

Низ тридневната програма, публиката ќе ја водат „Диверзија“ и Марко „Дај побрзај“.

Со спојот на храната, виното, традицијата и музиката, „Taste the South“ продолжува да ја претставува Гевгелија како гостопримлива дестинација со препознатлива јужна енергија и автентична фестивалска понуда.

„Taste the South“ ќе се одржи од 11 до 13 септември 2026 година во Mega Shopping Park, Гевгелија.

Фестивалот е бренд на Општина Гевгелија.

…

Promotion

Related Posts

Следува голема промена на времето во Македонија – УХМР соопшти од кога

10.09.2026

Бројни турски медиуми ја пренесоа веста за обновата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“

10.09.2026

Николоски: Одржливиот транспорт и зелената транзиција ја прават Македонија лидер во регионот

09.09.2026

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е од клучно значење за безбедноста и стабилноста на регионот

09.09.2026

Две линии дневно: Повеќе летови од Скопје кон Белград во зимската сезона

09.09.2026

ПИСА ги откри слабостите: Учениците од Македонија заостануваат во сите три области

09.09.2026

Препорачани Вести

Нов систем, нула трошоци: Советот на Битола преминува на електронско гласање

7 месеци ago
Турција по трет пат собори иранска балистичка ракета

Турција по трет пат собори иранска балистичка ракета

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕСЕЧЕ: Еве до кога ќе ги поместуваме стрелките на часовникот – ќе се укинат летното и зимското сметање на времето!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Следува голема промена на времето во Македонија – УХМР соопшти од кога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за 10 септември: Ѕвездите носат пресврти, важни вести и нови љубовни можности

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бројни турски медиуми ја пренесоа веста за обновата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.