недела, октомври 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи, a потврдата на кредитниот рејтинг е силен сигнал да продолжиме по истиот пат

by Redakcija
14.09.2026
in Македонија

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен сигнал да продолжиме по истиот пат“. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на ФБ. 

Според министерката стабилност на јавните финансии и поттикнување на економскиот раст се основата на која ја темели економската политика што ја креира и спроведува Владата, а ефектите се гледаат и во економските показатели, а тие се основата за да го задржиме кредитниот рејтинг.

„Дали има ефекти покажуваат податоците. Многупати сум напоменала дека бројките се тие што ја отсликуваат фактичката состојба и сега во моментов, но и кога на нив би се навратиле во иднина тие ќе ја отсликаат реалноста“, истакнува министерката Димитриеска-Кочоска.

Како што наведува во објавата економски раст во прв квартал 2024 година 1,6% – фактичка состојба од која сме почнале и носејќи одлуки кои сега веќе можам да кажам дека дале ефект придонесоа да имаме во континуитет стапки на економски раст околу и над 3%, а во последниот објавен податок за вториот квартал стапка на раст од 4,3%. Не зборуваме само за еден исклучително добар квартал, туку за континуитет на позитивните економски движења.

„Инвестициите, додава во објавата, беше основата на која ја темелиме нашата економска политика. Само во вториот квартал од оваа година бруто инвестициите се зголемени за 16,5%. Тоа е особено важно затоа што покажува каков економски модел сакаме. Модел во кој инвестициите имаат поголема улога во создавањето на растот. Зад ова стојат забрзаната реализација на големите капитални и инфраструктурни проекти, проекти во општините за локален економски развој, но и инвестициската активност на домашниот приватен сектор.Градежништвото бележи раст од 21,9%, индустријата 3,9%, а преработувачката индустрија 4,1%. Услужниот сектор расте за 2,4%, со позитивни движења во повеќе дејности. Во вториот квартал извозот на стоки и услуги реално расте за 10,4%“, наведува министерката за финансии и додава дека ова е особено важно за Владата бидејќи станува збор за резултати постигнати во една голема глобална неизвесност, а имајќи предвид дека Македонија е мала и отворена економија и под силно влијание на случувањата на глобално ниво, а особено во Европа.

„Сето ова се показатели и резултати од политиките на оваа Влада, Влада којашто од друга страна има многу внимателен и сериозен пристап во управувањето со јавните финансии и балансирање помеѓу потребата од реализација на инвестиции и истовремено спроведување фискална консолидација“, посочува министерката и додава дека јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2026 година е 58,8% од БДП, односно 10,726 милијарди евра и дека во однос на првиот квартал е намален за 0,1 процентен поен, односно за 21 милион евра, додека во однос на крајот на 2025 година е намален за 0,6 процентни поени, а во однос на крајот на 2024 година е намален за 2,6 процентни поени.

Министерката како што истакнува во објавата ова се факти кои го покажуваат нашиот сериозн пристап кога станува збор за менаџирање со обврските, односно да обезбедиме средства за развој, но и навремено да обезбедиме средства за да ги вратиме старите долгови.

„Во вториот квартал од оваа година исплативме над 300 милиони евра за сервисирање на дел од еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа еврообврзница беше сервисиран уште во првиот квартал. Но за поцелосна слика да имаме за какви обврски станува збор и обврски кои оваа Влада ги враќа и треба да ги врати во наредниот период посочуваат следните податоци – од втората половина на 2024 година до денес Министерството за финансии има сервисирано обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра или поконкретно 786 милиони евра во втората половина на 2024 година, 2,198 милијарди евра во 2025 година и 1,571 милијарди евра во 2026 година. Дополнителен притисок на ова се и каматите кои се во износ од 350 милиони евра“,наведува министерката.

Според неа тоа е реалноста со која се соочуваВладата. „Денес, продолжува во објавата,истовремено плаќаме камати и раздолжуваме обврски создадени во минатото. Држава која не ги сервисира своите обврски плаќа многу повисока цена преку повисоки камати, нарушен кредитен рејтинг и поскапо финансирање за целата економија, затоа остануваме на определбата да балансираме помеѓу инвестициите, фискалната консолидација и навремено обезбедување средства за сервисирање на обврските. Нашата определба за фискална консолидација е јасна и таа останува непроменета. Но, консолидацијата мора да биде постепена, кредибилна и усогласена со економскиот циклус“, стои во објавата на ФБ на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ФОТО | Со знамето во ослободена Битола: Приказната за Илија Димовски–Гоче и Првата егејска ударна бригада

ФОТО | Со знамето во ослободена Битола: Приказната за Илија Димовски–Гоче и Првата егејска ударна бригада

17.10.2026
ДИК: Без проблеми тече гласањето во Брвеница, избирачкото право го оствариле 92 лица

ДИК: Без проблеми тече гласањето во Брвеница, избирачкото право го оствариле 92 лица

17.10.2026
Златото и бакарот во Србија и новата економска улога на рударството

Златото и бакарот во Србија и новата економска улога на рударството

17.10.2026

Меџити: Мастер-планот за Чаир предвидува подобра инфраструктура и модерни јавни простори

17.10.2026
Гужви во скопските амбуланти: За една ноќ прегледани 152 пациенти, лекарите забележуваат и симптоми на грип

Гужви во скопските амбуланти: За една ноќ прегледани 152 пациенти, лекарите забележуваат и симптоми на грип

17.10.2026

Жито Лукс го одбележува Светскиот ден на лебот со донација од 8.000 лебови за оние на кои им е најпотребно

17.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ЕУ ризикува да изгуби милиони туристи поради новите гранични контроли

4 месеци ago

Димитриеска – Кочоска: Македонија влегува во 2026 постабилна и со силни економски темели

10 месеци ago

Популарни Вести

  • ФОТО | Со знамето во ослободена Битола: Приказната за Илија Димовски–Гоче и Првата егејска ударна бригада

    ФОТО | Со знамето во ослободена Битола: Приказната за Илија Димовски–Гоче и Првата егејска ударна бригада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фицо: Словачка и Унгарија нема да учествуваат во нов заем од 70 милијарди евра за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ЈА ПОДГОТВУВАЛЕ ЗА ПОГРЕБ, А ТАА СЕ РАЗБУДИ ВО КОВЧЕГОТ: Девојче од 15 години ги шокираше присутните, властите отворија истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗАТВОР ЗА ТОТАЛИТАРНА ПРОПАГАНДА: Чешка експлицитно ги опфати и комунистичките движења што ги потиснуваат слободите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Проданоски: Подобра патна врска за жителите на Мажучиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.