понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Саудиска Арабија прекина дел од испораките на нафта за Европа

by Redakcija
17.09.2026
in Економија

Снабдувањето со сурова нафта во Европа е нарушено откако Саудиска Арабија суспендираше дел од испораките кон европските купувачи по нападите со беспилотни летала врз нафтоводот Исток-Запад.

Нападите врз саудиската енергетска инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето, а последиците веќе се чувствуваат на пазарот преку растот на цените на нафтата и зголемениот притисок врз европските рафинерии да обезбедат алтернативни извори.

Ријад за нападите ги обвинува ирачките паравоени групи, а поради безбедносната ситуација се суспендирани операциите за утовар во пристаништето Јанбу на Црвеното Море.

Саудиска Арабија во меѓувреме се обидува да го задржи извозниот капацитет преку алтернативни рути, вклучително и транспорт низ теснецот Хормуз, кој се смета за една од најчувствителните точки за глобалното снабдување со нафта.

Поради неизвесноста и зголемените трошоци за транспорт, цените на нафтата бележат значителен раст. Фјучерсите за „брент“ се искачија на речиси 108 долари за барел, додека референтната цена на европскиот физички пазар надмина 122 долари.

Меѓу компаниите кои особено се погодени од нарушувањето на снабдувањето е полскиот нафтен гигант „Орлен“. По 2022 година, компанијата значително ја зголеми зависноста од саудиската нафта, која во одреден период покривала околу 40 проценти од нејзините потреби.

„Орлен“ сега бара алтернативни количини на светскиот спот-пазар со цел да обезбеди непречена работа на своите рафинерии во Полска, Литванија и Чешка.

Во фокусот на набавките се различни видови сурова нафта од Северното Море, меѓу кои „Grane“, „Johan Sverdrup“ и „Johan Castberg“. Компанијата разгледува и понуди за американската „WTI Midland“, казахстанската „CPC Blend“, како и нафта од Алжир и Гвајана.

Од „Орлен“ велат дека активно управуваат со залихите и дека работата на рафинериите засега продолжува без прекини.

Сепак, нарушувањето на досегашните транспортни рути претставува сериозен предизвик за европскиот енергетски сектор. Пристаништата Гдањск и Бутинге претходно примале повеќе од 220.000 барели саудиска нафта дневно, па пренасочувањето кон нови добавувачи носи дополнителни логистички трошоци и неизвесност за европските рафинерии.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Авионските билети ќе поскапат до 20 отсто?

23.11.2026
Фабрика

Колку заработуваат автомобилските компании од секое продадено возило? Бројките изненадуваат

23.11.2026
Фершпед

Добивката на групата Фершпед порасна 10,6%, иако матичното друштво заработи помалку

23.11.2026
Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

22.11.2026
Продажбата на групацијата Тиквеш порасна за 5,4%, нето-добивката падна за 9,4%

Продажбата на групацијата Тиквеш порасна за 5,4%, нето-добивката падна за 9,4%

22.11.2026
Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени

5 месеци ago
Загреб како нов европски центар за „Agentic AI“ инфраструктура и деловна автоматизација

Загреб како нов европски центар за „Agentic AI“ инфраструктура и деловна автоматизација

6 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата приведе 31-годишник од тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Авионските билети ќе поскапат до 20 отсто?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку заработуваат автомобилските компании од секое продадено возило? Бројките изненадуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Добивката на групата Фершпед порасна 10,6%, иако матичното друштво заработи помалку

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.