недела, ноември 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Шест години незаконски внесувала категории во возачки – со судска одлука повторно се вратила на работа

by Redakcija
17.09.2026
in Македонија

Вкупно 27 лица се опфатени во истрага за сомнителни измени и издавање возачки дозволи, откако било утврдено дека во електронскиот систем биле внесувани категории за кои одредени лица не ги исполнувале законските услови.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МТВ изјави дека случајот е предаден на Обвинителството и Судот, од кои очекува законска и праведна одлука.

Меѓу пријавените е и вработена во МВР, која според досегашната истрага во периодот од 3 септември 2020 до 24 август 2026 година, користејќи ја службената шифра и овластувањата, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи.

Во одредени случаи, според МВР, таа отфрлала веќе оформени барања и креирала нови, во кои внесувала категории за кои лицата не ги исполнувале условите. По направените измени, барањата биле одобрувани, а потоа биле издавани возачки дозволи со невистинити податоци.

Истрагата е спроведена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, кој поднел кривична пријава до скопското Јавно обвинителство.

Тошковски посочи дека осомничената вработена и претходно била поврзана со случаи на фалсификување, но дека со судска одлука била вратена на работа.

Според министерот, особено сериозен аспект на актуелниот случај е тоа што преку незаконски внесените категории на одредени лица им било овозможено да добијат дозволи за управување со автобуси и тешки товарни возила, иако немале положено соодветни испити и не ги исполнувале условите за тие категории.

Тој оцени дека ваквите злоупотреби можат да имаат сериозни последици по безбедноста во сообраќајот, бидејќи возачки дозволи за тешки категории можеле да добијат лица без соодветна обука и положен испит.

Од МВР велат дека воспоставениот електронски систем овозможува да се детектираат незаконски промени на податоците. Тошковски нагласи дека институциите ќе продолжат да ги истражуваат ваквите случаи и најави дека одговорноста ќе ја утврдуваат надлежните органи.

Против 27 лица е поднесена кривична пријава поради сомнение за незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба. Сега следуваат постапките пред Јавното обвинителство и судот, каде што треба да се утврди евентуалната кривична одговорност на пријавените.

Напомена: Фотографијата е креирана со AI

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Брвеница со зголемена излезност: До 13 часот гласале 4.518 граѓани – за 7,31 % повеќе од првиот круг!

Брвеница со зголемена излезност: До 13 часот гласале 4.518 граѓани – за 7,31 % повеќе од првиот круг!

01.11.2026
Студентскиот оброк ќе се зголеми на 4.500 денари? Владата најавува повеќе пари и дополнителни попусти во маркети и ресторани

Студентскиот оброк ќе се зголеми на 4.500 денари? Владата најавува повеќе пари и дополнителни попусти во маркети и ресторани

01.11.2026
БРВЕНИЦА СО ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ: До 9 часот гласале 246 граѓани повеќе отколку во првиот круг!

БРВЕНИЦА СО ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ: До 9 часот гласале 246 граѓани повеќе отколку во првиот круг!

01.11.2026
Во „Алта банка“ имало 1,47 милијарди евра депозити: Што се случило пред да остане без дозвола?

Во „Алта банка“ имало 1,47 милијарди евра депозити: Што се случило пред да остане без дозвола?

01.11.2026
Дожд и заладување во Македонија: УХМР најавува обилни врнежи, еве какво време нè очекува денеска

Дожд и заладување во Македонија: УХМР најавува обилни врнежи, еве какво време нè очекува денеска

01.11.2026

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

31.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Костадиноски: Продолжуваат градежните активности за нов локален пат во село Рогачево

5 месеци ago

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година клучна причина за кочанската трагедија, тезата на обвинителството за „командна одговорност“ се распаѓа како кула од хартија

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Страшна трагедија кај Брчко: Се урна воен хеликоптер на ЕУФОР – четворица загинати и 11 повредени!

    Страшна трагедија кај Брчко: Се урна воен хеликоптер на ЕУФОР – четворица загинати и 11 повредени!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајдено 15-годишното девојче од Куманово кое беше пријавено за исчезнато!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Масовен напад со дронови врз Русија: Над 100 соборени летала, пријавен пожар во една од најголемите рафинерии!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата уапси шест возачи низ Македонија: Пијани зад волан, без дозвола и возење во спротивна насока!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин со остра закана кон Европа: „Русија е подготвена за војна уште сега!“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.